Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, изјави Кузеска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, изјави Кузеска
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, изјави Кузеска

Објавено July 10, 2026 14:03
Сподели
Сподели

Од опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) велат дека не се против правото на дијаспората да гласа, туку се против неконтролирани модели на гласање кои можат да отворат простор за изборни злоупотреби.

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја излажат јавноста преку прашањето за измените на Изборниот законик и гласањето на дијаспората.

„Дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и гласа според постојниот модел. Ние не сме против тоа право, туку сме против неконтролирано гласање кое отвора простор за масовна изборна кражба“,рече таа.

Праша зошто во земјава при гласањето се применуваат строги контроли, како идентификација, отпечаток од прст и други механизми, а за дијаспората се предлага електронско гласање без никаква реална контрола.

„Дали тоа е демократски? Дали тоа е фер?“,праша таа.

Според неа, Мицкоски преку измените на Изборниот законик се обидува да обезбеди нов механизам за манипулација на изборниот процес, додавајќи дека веќе е познато оти ВМРО-ДПМНЕ има историја на изборни злоупотреби и дека во минатото се користени различни механизми за влијание врз изборите.

„Мицкоски знае многу добро зошто го турка ова решение. ВМРО-ОКГ има историја на кражба на избори. Пред десетина години видовме како се крадеа гласови, како се организираа паралелни структури и како се користеа сите можни механизми за манипулација. За нив кражбата на пари и кражбата на гласови е исто и во едниот и во другиот случај станува збор за криминал. Сега, кога веќе не им поминуваат лажините афери и дефокуси, се обидуваат преку Изборниот законик да си обезбедат нов механизам за манипулација“,кажа портпаролката.

Предупреди дека електронското гласање без соодветни контроли, како и гласањето преку пошта без гаранции, може да претставуваат ризик за изборниот процес.

„Електронското гласање без контрола или гласањето преку пошта без соодветни гаранции е исто така опасно. Разликата е само во методот“,додаде Кузеска.

Кузеска оцени дека Изборниот законик за Мицкоски не е крајна цел, туку изговор за избегнување на обврските од Реформската агенда.

Власта, според неа, намерно го блокира процесот за да создаде алиби дека опозицијата е причината за застојот, додавајќи дека „вистината е оти не сакаат Европска Унија“.

„Затоа што ЕУ значи независно судство, европско обвинителство и крај на неказнивоста. А токму тоа Мицкоски и неговата банда најмногу го плашат. Затоа и го влечат ова прашање. Затоа и не сакаат вистински консензус. Затоа и продолжуваат со манипулациите“,вели таа.

Порача дека СДСМ нема да поддржи изборен грабеж ниту преку електронско гласање, ниту преку гласање по пошта без соодветни контроли.

Повтори дека ќе продолжат да се залагаат за фер и демократски избори, реформи и европска интеграција, оценувајќи дека спротивното претставува „игра на изолација, манипулација и заштита на криминалот“.

„Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, ниту во Македонија, ниту од дијаспората. Ќе продолжиме да се бориме за фер и демократски избори, за реформи и за европска Македонија. Сè друго е само продолжение на истата стара игра – игра на изолација, манипулација и заштита на криминалот“,кажа Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девојче почина по пад од лулашка во Гостивар
Следна Статија Нема алкохол и пушење по собите- ќе се применуваат строги правила во студентските домови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

По четири мандати како градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски сега е кандидат на СДСМ

Поранешниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски повторно ќе ја бара довербата на жителите, овојпат како кандидат за градоначалник на…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош е на црната листа на САД и осуден за криминал во општината

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната прес конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, поточно одговарајќи на…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костовски: Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?

СДСМ и денеска бараат одговори во врска со истрагата за трагедијата во Кочани. Дискотеката „Пулс“ работела со блокирана сметка 217…

March 26, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Вреди нема да добие плус ресор, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?