Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Нема да се градат бегалски кампови во Македонија, вели Милошоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Нема да се градат бегалски кампови во Македонија, вели Милошоски
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Нема да се градат бегалски кампови во Македонија, вели Милошоски

Објавено December 7, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Договорот за стратешко партнерство со Британија, не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој вели дека Договорот е еден од подобрите и посериозните документи кој земјава го постигнала со сериозна држава како Британија и предвидува заедничка соработка во инвестиции, но не и бегалски кампови.

„Предвидени се одредени средства со кои во Македонија ќе се гради инфраструктура. Точно, ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови. Британија откако излезе од Европската Унија, со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ случува вакви договори, каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс, таму каде што Македонија и земјите-членки и земјите-кандидати на ЕУ, имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на границите, тоа го прави Британија со овој дополнителен механизам, кој што е комплементарен со Фронтекс. И на крај, нема подобар демант за ваквите спинови на некои опозициони партнери, од изјавата на британскиот амбасадор, дека британско-македонскиот стратешки договор, потврдува и предвидува инвестирање во инфраструктура, во економија, безбедност и образование, но не предвидува бегалски кампови во Македонија“,кажа Милошоски во одговор на новинарско прашање денеска.

Деновите, британските медиуми објавија дека Британија преговара да депортира одбиени азиланти во Македонија. Според објавите, двете држави од есенва биле влезени во формални преговори за да се реализира овој план.

По написите, реагиаше британската амбасада во земјава. Оттаму велат дека двете држави соработуваат во борбата против, како што пишува, нерегуларната миграција.

Во твитот, амбасадата не ги споменува објавите на медиумите и не дава конкретни коментари на нивните детални наоди за тоа каков договор се подготвува меѓу британската и македонската влада за префрлање мигранти. Само се вели дека „по клучниот состанок меѓу премиерите Стармер и Мицкоски во мај“, Британија и Македонија воспоставиле „стратешко партнерство што се фокусира на градење долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка со цел да се продлабочи соработката и да се засили стабилноста и просперитетот на двете земји“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија XG’s Cocona Comes Out as Transmasculine, Nonbinary – The Hollywood Reporter
Следна Статија Проблеми со градба на микро возила во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи, наместо да одат на шалтер

Со гордост сакам да ви соопштам дека вчера, на Комисијата за транспорт и дигитална трансформација, 4 клучни закони кои се…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев: 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа

Министерот за јавна администрација, Горан  Минчев, денеска ги презентираше клучните резултати и реформски потези. Тие според него  ја поставиле основата…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каменот тежи на своето место, ни треба секој Македонец кој може да придонесе за развој на татковината, истакна Мицкоски

Македонија денес е земја која се развива, дом во кој има место за сите луѓе оние кои се тука, но…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?