Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Нема компромис со криминалот- Мицкоски и Тошковски покажаа дел од запленетата марихуана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Нема компромис со криминалот- Мицкоски и Тошковски покажаа дел од запленетата марихуана
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Нема компромис со криминалот- Мицкоски и Тошковски покажаа дел од запленетата марихуана

Објавено February 10, 2026 19:39
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со дел од раководните структури во МВР, денеска, преку видеообраќање покажаа снимки од 40-те тони марихуана кои биле запленети во првичната фаза од големата полициска истрага што изминатата недела се одвиваше на неколку локации во државата.

Министерот Тошковски вели дека комисија од Министерството за здравство веќе констатирала оти марихуаната била третирана незаконски односно дека е произведувана, складирана и чувана надвор од оние утврдени протоколи.

Запленетите количини во моментов се складирани во простории на МВР и ќе служат како доказен материјал во постапката што се води во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Тошковски рече дека се преземаат сите потребни чекори за да може да се утврди фактичката состојба и да се расветли овој случај.

„За жал, оние последици од минатото на негрижа и катастрофален однос, како во делот на повеќе сектори, така и во овој дел, денеска предизвикуваат екстремно штетни последици коишто секако дека ќе биде предизвик да ги решиме како назаконити случаи. Но, во соработка со сите надлежни институции сметам дека во еден разумен временски период ќе делуваме соодветно за да можеме да го отстраниме сето ова незаконито дејство, на кое крајна цел било или македонските улици или улиците низ Европа“, рече министерот за внатрешни работи.

Мицкоски рече дека ќе се формира комисија која ќе влезе во повеќе правни лица што се занимаваат со оваа дејнос и ќе испита кои фирми го изиграле законот.

„Таа комисија ќе го испита работењето и ќе констатира фактичка состојба кои се тие правни субјекти што работеле согласно закон, а кои не и го злоупотребиле или го изиграле законот“, додаде премиерот.

Според него, со акцијата што се случува изминатите денови имале за цел да покажат дека нема компромис со неправдата и со беззаконието.

„Беззаконието мора да се совлада, никој не е над законот и МВР со сиот свој капацитет што го поседува ќе се справи со предизвиците што ги има и кои допрва ќе следат. Со сето ова кое се случуваше изминатите денови имавме цел да покажеме дека никој не е над законот, дека нема компромис со корупцијата, дека МВР со сите капацитети ќе се справи со случајот. Сакам да испратам порака до сите кои мислеле дека криминалот е исплатлива работа, денеска криминалот не се исплати. Ќе бидете пронајдени и ќе бидете жестоко казнети сите вие кои мислите дека ова се исплати“, изјави Мицкоски.

Според премиерот, овие 40 тони запленет цвет од канабис се директна последица на „погрешните политики од минатото“ кои веќе нема да се дозволат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арбен Зибери ја напушти ДУИ, му се приклучи на Меџити
Следна Статија Се затвораат административните прашања- ќе се уредува паркинот на Клинички

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

Поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, не постапувале во интерес…

September 12, 2025
ХРОНИКА

НОВО РОЧИШТЕ ЗА ПУЛС: Од продавница во Кисела Вода биле легално купувани прскалките на ДНК

Васко Спасовски, ПР и букинг менаџер на музичката група ДНК, денеска сведочеше пред Судот за пожарот во дискотеката „Пулс" во…

March 5, 2026
ХРОНИКА

Приведен е Илија Стоилев актуелниот директор нa АФПЗ – се сомничи дека е затекнат како прима поткуп од 5 илјади евра

Повеќемина се приведени во акција на ОЈОГОКК и МВР која денеска е спроведена во државната платежна агенција. Во моментов на…

November 6, 2025
ХРОНИКА

Кираца Трајковска: Не верувам дека Палчо ја убил Вања, особено не ако причина биле пари

Со семејството Ѓорчевски сме старо кумство и сме во добри односи, згора на тоа Александар работеше во „Фершпед“, каде јас…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?