(Видео) Несреќа на турнејата: Шакира падна среде настапот, обожавателите ја пофалија нејзината реакција

- Advertisement -

На концерт во Монтреал, Шакира доживеа несреќа и падна на сцената за време на изведбата на нејзиниот познат хит Whenever, Wherever, но бргу стана и продолжи со настапот.

Колумбиската музичка ѕвезда моментно е на светската турнеја Las Mujeres Ya No Lloran, на која го промовира својот нов албум.

48-годишната пејачка во последните недели настапуваше во САД и во Канада, а токму во Канада се случи незгоден момент, што можеше да резултира со повреда.

Шакира се лизна и падна додека пееше еден од своите најголеми хитови. Сè помина непречено – таа бргу стана, се истресе и продолжи како ништо да не се случило.

Нејзиниот професионализам предизвика бран пофалби на социјалните мрежи – многумина ја нарекоа вистински шеф. Некој загрижен напишал: „Се надевам дека не се повредила. Ваквите падови предизвикуваат болка и повреди следниот ден наутро“.

Сепак, обожавателите немаа причина да се грижат – Шакира ја продолжи својата турнеја, без никакви проблеми и одржа концерти во Детроит, Чикаго и во Торонто.

Сподели ја оваа статија