Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) „Не кажувај либе добра ноќ“ оживува повторно во изведба на Огнен Здравковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) „Не кажувај либе добра ноќ“ оживува повторно во изведба на Огнен Здравковски
ЗАБАВА

(ВИДЕО) „Не кажувај либе добра ноќ“ оживува повторно во изведба на Огнен Здравковски

Објавено July 4, 2025 16:19
Сподели
Сподели

Една од најубавите македонски песни што остави неизбришлива трага во народното музичко творештво – „Не кажувај либе добра ноќ“ – сега е спакувана во ново руво. По незаборавните изведби на Петранка Костадинова, Васка Илиева, Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчевски, браќата Тавитјан и Нина Бадриќ…, оваа безвременска песна повторно ќе го допре срцето на публиката, сега преку гласот на Огнен Здравковски – еден од наследниците на лозата на авторот Наско Џорлев.

„Не кажувај либе добра ноќ“ со музика и текст на Наско Џорлев, е еден од симболите на македонската музичка душа. Нејзината длабочина, емоција и меланхолична убавина сè уште одекнуваат низ времето.

„Од сите песни што ги има напишано дедо ми – „Не кажувај либе добра ноќ“,„Фато мори душманке“, „Во Струмица на улица“, „Кажи ле облаче бело“… – токму „Не кажувај либе добра ноќ“ ми е најблиска и чест ми е што за неа е направена верзија која ја пеам јас. Ми буди убави спомени, посебно на мојот вујко, Зоран Џорлев, кој има создадено инструментална верзија. Чест ми е да ја отпеам и да ја приближам до новите генерации“, вели Огнен.

Изведбата на Огнен е дел од продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, што под водство на Скендеровски продукција, успешно ги спојува традицијата и современите музички изрази. Зад аранжманот стои маестро Николче Мицевски, кој со својот препознатлив сензибилитет ѝ дава нова светлина на оваа незаборавна тема.

Проектот ја продолжува својата мисија: да ги слави македонските корени преку гласовите на современи изведувачи – од народната и забавната сцена – обединувајќи ги во една цел: Да ѝ подариме на Македонија нов звук, а на публиката ново доживување.

До крајот на летото, љубителите на македонската музика ќе имаат можност да уживаат во сите композиции од проектот, кои ќе бидат објавувани последователно, во духот на мотото: Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци!

Уживајте во „Не кажувај либе добра ноќ“ и изведбата на Огнен Здравковски на песната што ја чува тагата, љубовта и вечната убавина на македонската душа:

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продолжува расколот во СДСМ – Галетановски до Фрчкоски: Седи раат троши си ги парите
Следна Статија Овие хороскопски знаци уживаат како самци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Самсунг ќе претстави два нови безжични звучници на CES 2026

Новите безжични звучници на Самсунг, дизајнирани од Ервен Буролек, се создадени за да го подобрат естетскиот изглед на домот.

December 29, 2025
ЗАБАВА

Оскар Прогнози: Нов Поглед во Светот на Филмската Уметност

Извештај за очекуваните добитници на Оскар според анализата на Скот Фајнберг по Наградите на критичарите и Меѓународниот филмски фестивал во…

January 7, 2026
ЗАБАВА

„Ербиенби“ со вештачка интелигенција спречува изнајмување сместувања за новогодишни забави

Онлајн платформата за краткорочно изнајмување „Ербиенби“ користи вештачка интелигенција за да ги идентификува и спречи изнајмувањата за забави за новогодишната ноќ,…

December 31, 2024
ЗАБАВА

Маск: Мој приоритет е живот на Марс, тоа е животно осигурување (ВИДЕО)

„Мој приоритет е животот на Марс“, рече Илон Маск, најбогатиот човек во светот, сопственик на SpaceX, X и Tesla, како…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?