Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) „Не кажувај либе добра ноќ“ оживува повторно во изведба на Огнен Здравковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) „Не кажувај либе добра ноќ“ оживува повторно во изведба на Огнен Здравковски
ЗАБАВА

(ВИДЕО) „Не кажувај либе добра ноќ“ оживува повторно во изведба на Огнен Здравковски

Објавено July 4, 2025 16:19
Сподели
Сподели

Една од најубавите македонски песни што остави неизбришлива трага во народното музичко творештво – „Не кажувај либе добра ноќ“ – сега е спакувана во ново руво. По незаборавните изведби на Петранка Костадинова, Васка Илиева, Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчевски, браќата Тавитјан и Нина Бадриќ…, оваа безвременска песна повторно ќе го допре срцето на публиката, сега преку гласот на Огнен Здравковски – еден од наследниците на лозата на авторот Наско Џорлев.

„Не кажувај либе добра ноќ“ со музика и текст на Наско Џорлев, е еден од симболите на македонската музичка душа. Нејзината длабочина, емоција и меланхолична убавина сè уште одекнуваат низ времето.

„Од сите песни што ги има напишано дедо ми – „Не кажувај либе добра ноќ“,„Фато мори душманке“, „Во Струмица на улица“, „Кажи ле облаче бело“… – токму „Не кажувај либе добра ноќ“ ми е најблиска и чест ми е што за неа е направена верзија која ја пеам јас. Ми буди убави спомени, посебно на мојот вујко, Зоран Џорлев, кој има создадено инструментална верзија. Чест ми е да ја отпеам и да ја приближам до новите генерации“, вели Огнен.

Изведбата на Огнен е дел од продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, што под водство на Скендеровски продукција, успешно ги спојува традицијата и современите музички изрази. Зад аранжманот стои маестро Николче Мицевски, кој со својот препознатлив сензибилитет ѝ дава нова светлина на оваа незаборавна тема.

Проектот ја продолжува својата мисија: да ги слави македонските корени преку гласовите на современи изведувачи – од народната и забавната сцена – обединувајќи ги во една цел: Да ѝ подариме на Македонија нов звук, а на публиката ново доживување.

До крајот на летото, љубителите на македонската музика ќе имаат можност да уживаат во сите композиции од проектот, кои ќе бидат објавувани последователно, во духот на мотото: Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци!

Уживајте во „Не кажувај либе добра ноќ“ и изведбата на Огнен Здравковски на песната што ја чува тагата, љубовта и вечната убавина на македонската душа:

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продолжува расколот во СДСМ – Галетановски до Фрчкоски: Седи раат троши си ги парите
Следна Статија Овие хороскопски знаци уживаат како самци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Младата Месечина во Вага на 21 октомври носи драматични промени за 3 хороскопски знаци

Младата Месечина во Вага, која нè очекува на 21 октомври, ќе има силен ефект врз Вага, Водолија и Близнаци. Претстојниот…

October 16, 2025
ЗАБАВА

Уапсен маж поради кражба на сирење од 360.000 евра, лажно се претставувал како дистрибутер и барал 22 тони

Маж (63) е уапсен под сомнение дека е вмешан во кражба на чедар (вид тврдо сирење), вредно 360.000 евра во…

November 1, 2024
ЗАБАВА

Луј Витон отвори луксузен киоск за сладолед

Луј Витон ова лето претстави нешто сосема ново – својот прв киоск со сладолед, сместен во познатото тосканско одморалиште Форте…

June 7, 2025
ЗАБАВА

Уапсени три лица поради смртта на Лиам Пејн

Аргентинската полиција уапси три лица поради смртта на поранешниот член на One Direction, Лиам Пејн. Според извештаите на ABC World…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?