Тандер славеа со 120:109 на домашен терен во петтиот натпревар од финалната серија и сега водат со 3:2.
Најефикасен кошаркар на натпреварот беше бекот на домаќините Џејлен Вилијамс, кој постигна 40 поени, Шеј Гилџеус-Александер оствари дабл-дабл – 31 поен и 10 асистенции.
Следниот натпревар се игра в петок во Индијанаполис.