Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Паднати дрвја, покриви, оштетени возила во Скопје по страшното невреме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Паднати дрвја, покриви, оштетени возила во Скопје по страшното невреме
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Паднати дрвја, покриви, оштетени возила во Скопје по страшното невреме

Објавено July 21, 2026 19:54
Сподели
Сподели

Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информира во објава на директортот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али.

Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на ул. „Женевска“ бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на ул. „Методија Митевски“, паднато дрво на ул. „Никола Тримпаре“, како и падната кровна конструкција на ул. „Трифун Бузев“. Исто така, пријавено е дека дел од кровната конструкција на ООУ „Владо Тасевски“ е откорната од силниот ветер. На ул. „Хелсинки“ бр. 5 се регистрирани две паднати дрвја, додека на ул. „Скупи“ бр. 89 паднати дрвја оштетиле електрични кабли, патничко возило и дел од куќа.

Во Куманово е пријавена падната кровна конструкција на булевар „Октомвриска револуција“.

– За сите пријавени настани се известени и постапуваат надлежните служби, кои се на терен и работат на расчистување и отстранување на последиците од невремето – информира директорот на ЦУК.

Како што информира претходно градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција.

Тој во Фејсбук објава нагласи дека се во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.

-Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици. Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба – истакна Ѓорѓиевски.

Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број: +389 78 207 687.

– Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен. Службите се мобилизирани. Екипите се на терен. Граѓаните не се сами – наведе скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.л

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Високи претставници на бизнис секторот од Индија во посета на ТИРЗ Скопје
Следна Статија Шест повредени во невремето во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за барањето за негова оставка поради Кочани: Се злоупотребува болката на родителите

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан за коментар по последните барања за оставки од него и министерот за внатрешни работи Панче…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби доби отказ од универзитет поради неразумно отсуство

Тетовскиот универзитет ја започна законската процедура за разрешување на професорот Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство,…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните плаќаат за чиста средина, а не за депонии и ѓубришта: Митески најави кривична против ЈП „Комунална хигиена“доколку не реагира за отпадот

Само денес собравме над 10 тони отпад (50м3) кои завршија во „Дрисла“, информираше вчера градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „Ова…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Менкиноски: Фактите и европските институции јасно покажуваат дека прашањето кое го отвораме не е антибугарско

Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски на социјалните мрежи отворено се спротивстави на кандидатурата на адвокатот и борец за правата на…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?