Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Партизан го прослави 80-от роденден, натпреварот со Војводина пет пати беше прекинат, траеше речиси три часа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Партизан го прослави 80-от роденден, натпреварот со Војводина пет пати беше прекинат, траеше речиси три часа
СПОРТ

(Видео) Партизан го прослави 80-от роденден, натпреварот со Војводина пет пати беше прекинат, траеше речиси три часа

Објавено October 5, 2025 09:08
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Партизан ја победија Војводина во дербито од 11-то коло од српската Суперлига и со тоа го прославија својот 80-ти роденден. Натпреварот мина во дивеењето на навивачите на црно-белите. Партизан сигурно ќе биде жестоко казнет.

Партизан ја победи Војводина со 1:0, со голот на Милошевиќ од пенал во 18-та минута. Гостите од 30-та минута играа со фудбалер помалку, кога директен црвен картон доби Тањга.

Верувале или не натпреварот траеше речиси три часа. Пет пати беше прекинат, последен пат во 72-та минута кога главниот судија ги испрати играчите во соблекувалната. Прекинот траеше 20-тина минути, а според извештаите, играчите на Војводина биле на туширање кога им соопштиле дека повотрно треба да се вратата на теренот.

 

Најдраматично на теренот беше во 53-та минута кога играчот на гостинскиот тим, Марко Полетановиќ, остана да лежи на земја, откако во негова близина експлодира „топовски удар“.

Само 15 секунди подоцна, експлодира уште еден „топовски удар“, недалеку од главата на фудбалерот на Војводина. Полетановиќ веднаш стана, а потоа разни предмети полетаа кон теренот… За среќа, тука сè заврши.

Судијата Живковиќ накратко се консултираше со делегатот Владо Глоѓовиќ, познат службеник за обезбедување на УЕФА. Беше донесена одлука натпреварот да продолжи.

На потег е Фудбалскиот сојуз на Србија, но прашање е дали има моќ да се справи со навивачкото дивеење, бидејќи пред само една недела слични сцени имаше и на натпреварот на кој Црвена звезда го славеше својот роденден.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: По локалните избори следуваат промени, судството мора да се ослободи од партиски и криминални стеги
Следна Статија Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ravens доживеа болен пораз во последниот натпревар на сезоната против Steelers

Шестти рунд новајлија Тајлер Луп промаши клучен гол од 44 јарди во последните секунди, така Ravens загуби во битката за…

January 6, 2026
СПОРТ

(Видео) Феенорд го победи Милан, Баерн славеше во Шкотска

Фудбалерите на Феенорд, Баерн и Бенфика стекнаа предност пред реваншите за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите во дуелите…

February 13, 2025
СПОРТ

(Видео) Елмас стартер во победата на Наполи

Наполи, вложи многу труд за да забележи победа во првиот меч од 10-то коло во Серија А. Во Лече актуелниот…

October 29, 2025
СПОРТ

Опериран таткото на Новак Ѓоковиќ

Срѓан Ѓоковиќ денеска е опериран во Клиничкиот центар на Србија.Таткото на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ бил опериран поради компликации кои настанале…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?