Аукциската куќа „Сотби“ става на аукција парче од Марс, за кое се очекува да достигне цена до 4 милиони долари.
NWT 16788, најголемото парче од Марс што моментално е на Земјата, ќе биде понудено на аукција на 16 јули во Њујорк, според „Сотби“.
Се смета дека летало 140 милиони милји низ вселената пред да се сруши во пустината Сахара.
Беше пронајдено во оддалечениот регион Агадез во Нигер во 2023 година.
Шансите ова да стигне од таму до тука се астрономски мали – изјави Касандра Хатон, потпретседател за наука и природна историја во „Сотби“.Се очекува ова парче од „црвената планета“ да чини милиони, токму поради фактот што ваквите примероци се ретки.
Според податоците на аукциската куќа, која во својата понуда го вклучи и NWT 16788, само 400 од повеќе од 77.000 официјално признати метеорити пронајдени на Земјата, или околу 0,6 проценти, потекнуваат од Марс, објавува BizPortal.
Патем, метеоритот претставува приближно 6,5 проценти од целиот марсовски материјал што моментално е познат на Земјата и тежи повеќе од 22 килограми.
НАСА изјави дека метеоритот што некогаш паднал во Намби тежел 100 тони, па затоа оној што некој ќе го купи на аукцијата не е најголемиот досега.