Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Пендаровски за СДСМ: Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Пендаровски за СДСМ: Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Пендаровски за СДСМ: Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување

Објавено April 4, 2026 11:14
Сподели
Сподели

Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, испрати јасна порака до раководството на неговата СДСМ – дека партијата се наоѓа на сериозен раскрсник и дека без длабоки промени може да се соочи со понатамошен пад, па дури и со политичка маргинализација.

Во својата изјава, Пендаровски оценува дека актуелната политичка состојба покажува јасен парадокс: иако владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ го изгубила дел од традиционалната поддршка, СДСМ не успеала да го искористи тоа и да го канализира опозиционото расположение кај гласачите.

„Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни – или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело“, порачува Пендаровски.

Со ова, поранешниот претседател директно укажува дека проблемот не е во комуникацијата, туку во суштината на политичкото делување – односно во стратегијата, кадровската поставеност и начинот на кој партијата се обраќа до јавноста.

Најостриот дел од неговата оценка се однесува на можните последици доколку не се направат промени. Пендаровски предупредува дека со актуелниот тренд на пад на поддршката, СДСМ може да се соочи со уште полош резултат на следните избори.

„Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка“, вели тој.

Ваквите ставови доаѓаат како силен сигнал од висок функционер и поранешен шеф на државата, кој и самиот произлегува од редовите на СДСМ, што дополнително ја нагласува тежината на пораката – дека потребата од промени не е само критика однадвор, туку доаѓа и одвнатре.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
Следна Статија НАСА: „Посадата на Артемис II поставува нов рекорд по повеќе од половина век“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беким Сали кај Макрон

- Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците не прифаќаат вазали, туку самите ги избираат своите претставници

Секој ден кога повторува дека „нема да има предвремени избори“, Мицкоски всушност признава една горчлива вистина: тој е свесен за…

September 21, 2025
ПОЛИТИКА

Дрин Ахмети контра Вреди: Не возел „Ролс Ројс“ низ Кичево

Во денот кога Јавното обвинителство објави дека бил повикан да даде исказ, Дрин Ахмети наместо да даде образложение тој се…

January 16, 2025
ПОЛИТИКА

Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

Четврти ден владее молк и паника. Нема објаснување за трансакциите со акции меѓу фирмата „АС Сењак“ и компании поврзани со…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?