Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Победа на либералите во Канада: Америка никогаш нема да владее со нас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Победа на либералите во Канада: Америка никогаш нема да владее со нас
СВЕТ

(ВИДЕО) Победа на либералите во Канада: Америка никогаш нема да владее со нас

Објавено April 29, 2025 09:52
Сподели
Сподели

Либералите на премиерот Марк Карни победија на изборите во Канада, но не успеаја да го освојат мнозинството што требаше да им помогне во трговските преговори со Доналд Трамп. Конзервативниот лидер Пјер Полиев го призна поразот, иако на почетокот на годината важеше за фаворит да биде иден премиер.

На Либералите им требаа 172 места во парламентот за да имаат мнозинство што ќе им овозможеше да владеат без поддршка од помала партија.

Сѐ укажуваше на тоа дека Либералите се спремаат за опозиција откако премиерот Џастин Трудо поднесе оставка во јануари, а анкетите им даваа голема предност на Конзервативците, но Доналд Трамп им даде голем поттик со своите царини и со кампањата за претворање на Канада во 51. американска сојузна држава. Тој дури им се обрати на Канаѓаните на денот на изборите за да ги мотивира да гласаат за опција што ќе го оствари тоа.

Карни вети поцврст пристап кон Вашингтон околу царините и кажа дека Канада ќе мора да потроши милијарди долари за да го намали своето потпирање врз САД. Сепак, историјата покажува дека малцинските влади во Канада не траат повеќе од две и пол години.

„Со месеци предупредував дека Америка ги сака нашите ресурси и нашата земја, дури и нашата држава. Трамп сакаше да нѐ скрши за да може да нѐ поседува, но тоа никогаш нема да се случи. Нашиот стар однос на интеграција со САД е завршен и тоа е трагедија. Го надминавме шокот од предавството на САД и сега мора да се грижиме едни за други. Мојата влада ќе работи за и со секого“, изјави Карни во својот победнички говор.

Тој најави дека ќе разговара со Трамп во следните денови.

„Ова е Канада и ние решаваме што се случува овдека. Канада е повеќе од нација, ние отсекогаш сме биле и ќе бидеме федерација. Предизвиците со кои ќе се соочи Канада ќе бидат тешки, но имам доверба во сите во земјата“, додаде Карни.

Според досегашните проекции, Либералите треба да имаат 161 пратеник, а Конзервативците 150

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тепачка меѓу кошаркарите на Голден Стејт и Хјустон (ВИДЕО)
Следна Статија Standard Chartered: Биткоинот наскоро ќе скокне на рекордни 120.000 долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Франција има нов премиер

Претседателот Емануел Макрон го именува центристичкиот лидер Франсоа Бајру за нов француски премиер во обид да стави крај на повеќемесечната…

December 13, 2024
СВЕТ

Основачот на Телеграм „заглави“ во Франција без судење уште најмалку една година

Случајот на основачот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров во Франција нема да стигне на суд најмалку уште една година.…

February 7, 2025
СВЕТ

Израел и Хамас договорија прекин на огнот и ослободување на заложниците

Израел и Хамас се согласија за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, договор за прекин…

October 9, 2025
СВЕТ

Лавров ги објави руските услови за мир

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изложи барањата на Москва за мировен договор за прекин на руската инвазија…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?