Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) „Помалку ќе се здебелам, спасот е во калинката“: Вучиќ налути многумина со новата снимка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Видео) „Помалку ќе се здебелам, спасот е во калинката“: Вучиќ налути многумина со новата снимка
БАЛКАН

(Видео) „Помалку ќе се здебелам, спасот е во калинката“: Вучиќ налути многумина со новата снимка

Објавено March 27, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Александар Вучиќ го привлече вниманието на социјалните мрежи, овој пат со своето необично видео на „Тик-ток“. Додека во Србија продолжува бранот протести, предизвикани од уривањето на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, при што загинаа 16 лица, српскиот претседател објави дека одлучил да го промени својот изглед, но и расположението – со калинки.

Во видеото, кое налути многумина, Вучиќ се пошегува на своја сметка коментирајќи дека изгледа „како поплава да го исфрлила“, па, како што вели, решил да направи нешто во врска со тоа.

Луѓето велат дека е мрзлив, има темни кругови под брадата, дека е дебел…

„Решив да го поправам сето тоа… Ќе бидам помалку дебел. Да ми кажеше некој во животот дека ќе јадам калинки, немаше да му верувам“, вели тој на почетокот на видеото.

@jasamaleksandar U naru je spas. Biću mlađi, manje debeo i nasmejaniji. 🥲 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar

„Ова е најдобриот начин за мене. Убава лажица. Велат дека го намалува крвниот притисок и сè друго. Не верувам во ништо, но бидејќи сфатив дека сите разбраа колку лошо изгледам и каква лоша енергија ширам, решив да го сменам сето тоа. Затоа, калинка. Утре кога ќе ме видите како се смеам во Брисел со Фон дер Лајен и со Коста, немојте да мислите дека се смеам како луд на брашното. Тоа е поради калинката“, изјави Вучиќ.

Неговото видео набргу стана вирално, а коментарите продолжија да се слеваат. „Првин среди ја државата“, „Човеку, навистина не разбираш ништо?!“, „Половина од твојата земја нема пари за таа калинка. Сигурно не знаевте, па само да ве известам“, „И моите деца би јаделе калинки, но тоа е скапо за нас“, се само дел од коментарите на жителите на Србија.

„Вака изгледам кога ги игнорирам сите проблеми околу мене“, се пошегувал еден корисник на „Тик-ток“, а друг додал: „Дали е реален? Ова е срамота“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Алкалоид“ четири години ќе ги стипендира студиите на херојот од Виница, Јован
Следна Статија Три лица добија куќен притвор, 19 жалби одбиени во врска со трагедијата во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден

Цените во хрватските туристички центри се зголемуваат од година во година, а се чини дека оваа сезона трката за профит…

June 8, 2025
БАЛКАН

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на…

June 30, 2025
БАЛКАН

Од Србија до Црна Гора ќе се патува за четири часа, се гради нов автопат

Србија во следните три години планира да ја заврши изградбата на автопатот од Пожега до границата со Црна Гора, со…

May 29, 2025
БАЛКАН

Вајц за БГНЕС: Јас сум пријател на Бугарија!

Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените од Преговарачката рамка. Јас…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?