Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Почеток на пожарот во Кран Монтана: Шанкерка качена на рамениците на шанкерот со пиротехника го запалила таванот, велат сведоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Почеток на пожарот во Кран Монтана: Шанкерка качена на рамениците на шанкерот со пиротехника го запалила таванот, велат сведоци
СВЕТ

(ВИДЕО) Почеток на пожарот во Кран Монтана: Шанкерка качена на рамениците на шанкерот со пиротехника го запалила таванот, велат сведоци

Објавено January 1, 2026 17:23
Сподели
Сподели

Околу 40 лица загинаа, а стотина се повредени во пожар во преполн бар за време на новогодишната забава во луксузниот швајцарски скијачки центар Кран Монтана. Меѓу жртвите има државјани на неколку земји. Според очевидците, гостите во барот „Констеласион“ биле на возраст од 15 до 20 години.

Причината за експлозијата останува нејасна. Властите изјавија дека се чини дека станува збор за несреќа и исклучија можност од трористички напад.

– Моментно го третираме ова како пожар и не ја разгледуваме можноста дека станува збор за напад. Во тек е истрага – изјави обвинителката Беатрис Пилу на прес-конференција.

Швајцарските медиуми објавија видео кое почна да се шири на социјалните мрежи на кое се гледа како таванот на барот гори. Се чини дека ова би можело да биде почеток на овој ужасен пожар.

– Неколку десетици луѓе загинаа во пожарот. Моментално работиме на идентификување на жртвите и известување на нивните семејства. Ќе биде потребно извесно време и е прерано да се даде прецизен број. Веројатно е дека меѓу жртвите ќе има луѓе од различни националности. Соработуваме со други земји за да ги идентификуваме сите – рече Фредерик Гислер, командант на полицијата во кантонот Вале.

🔴🇨🇭 FLASH INFO – Une vidéo capture le départ de l’incendie au bar « Le Constellation » à Crans-Montana (VS), alors que le plafond s’embrase.#Suisse #CransMontana #Incendie
pic.twitter.com/f6IL9NYuyK

— Media Express (@media_express_e) January 1, 2026

Властите додадоа дека многу жртви имаат „тешки изгореници“.

Швајцарските медиуми сугерираат дека пожарот можеби започнал кога биле употребени пиротехнички средства за време на концертот, но полицијата нагласува дека причината сè уште е непозната.

Одделот за интензивна нега во локалната болница е „полн“, па затоа некои од повредените пациенти мора да бидат префрлени во болница во друг кантон за итна медицинска помош.

Службениците велат дека експлозијата погодила неколку стотини луѓе од различни националности.

– Повеќето од повредените се во сериозна состојба – рече Матијас Рејнар, шеф на кантоналната влада.

Полицијата објави дека областа е „целосно затворена за јавноста“ и дека „е воспоставена зона на забрането летање над Кран Монтана“.

На прес-конференцијата, службените лица беа прашани за стандардите за противпожарна безбедност во клубот „Констеласион“, по извештаите дека некои луѓе биле „заробени“ во зградата, во која се користела пиротехника. Полицијата одговори дека истрагата е во тек и не можат да ги потврдат деталите, но остануваат убедени дека нема заговор за терористички напад, со оглед на природата на пожарот.

Гансер, поранешен пожарникар, изјави дека експлозијата во барот е резултат на пожар.

– Пожарот се прошири и, како што се развиваше, предизвика голема експлозија – рече тој.

Улис Броко, 16-годишен инструктор во скијачко училиште, еден од многуте сезонски работници кои доаѓаат во Кран Монтана рече дека неколку негови пријатели биле во клубот кога избувнал пожарот.

Тој рече дека стапил во контакт со некои кои се безбедни, но сè уште не добил одговор од другите за кои знае дека биле внатре кога избувнал пожарот. Пријателот на неговиот пријател е во кома во болница во Зајон.

– Ова е целосна трагедија. Имало стотици луѓе внатре – вели тој.

Објектот, додава, бил на две нивоа – барот на главниот кат и тесните скали што воделе до дискотеката во подрумот. Тој претпоставува дека токму таму луѓето можеле да бидат заробени и онеспособени поради вдишување чад.

Тој додаде дека во барот биле достапни лулиња за наргиле.

– Она што луѓето го велат е дека жарот можел да се истури и да предизвика пожар – вели Броко.

Друга девојка, која се спасила од пожарот во последен момент, вели дека видела шанкерка качена на рамењата на шанкерот, а во рацете високо подигнати, држела шампањско со запалена пиротехника во шишето. Од пиротехниката огин го зафатил аванот, кој набрзо целосно пламнал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за изборот на народен правобранител: Ако сакаме да одиме напред, не гледам причина зошто решението да не биде изгласано
Следна Статија Безбедна новогодишна ноќ и позитивни резултати од „Безбеден град“: Тошковски ги посети полициските служби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

Од Јавното обвининителство информираат дека по пожарот во објекти за рециклирање отпад во селото Трубарево радијација не е детектирана и…

September 14, 2025
СВЕТ

Франк Гери, архитект кој ги прошири границите на архитектурата, почина на 96 години

Неговите неземски, но блескави дизајни, од Лос Анџелес до Билбао, станаа глобални белези.

December 7, 2025
СВЕТ

„Џо, отпуштен си“ – објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации. Традиционално, поранешните претседатели…

February 8, 2025
СВЕТ

САД војската извести за осум загинати во напади на наводни бродови за дрога

САД извеле повеќе од 20 напади во меѓународни води врз наводни бродови за дрога од септември

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?