Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО| Почина агентот на Tајната служба кој се обиде да го спаси Кенеди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > ВИДЕО| Почина агентот на Tајната служба кој се обиде да го спаси Кенеди
ЗАБАВА

ВИДЕО| Почина агентот на Tајната служба кој се обиде да го спаси Кенеди

Објавено February 25, 2025 10:23
Сподели
Сподели

Клинт Хил, агентот на американската Тајна служба кој скокна во лимузината на Џон Кенеди за да го заштити смртно ранетиот претседател и долго време се прашуваше дали би можел да го спаси доколку дејствувал побрзо, почина на 93-годишна возраст, објави во понеделник неговото семејство.

Хил, кој се гледа на снимката од атентатот како се фрла и се качува на задниот дел од претседателската лимузина за да стигне до претседателот и неговата сопруга Жаклин, починал мирно дома, се вели во соопштението на семејството.

„Хероизмот на Хил на 22 ноември 1963 година, за време на атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди, го направи светски симбол на храброста и почитувана икона во американската тајна служба“, се вели во соопштението.

Погоден од она што го сметаше за личен професионален неуспех, Хил ја напушти Тајната служба во 1975 година на 43-годишна возраст.

Во своето прво интервју по атентатот на Кенеди, тој во емисија на CBS изјави дека жали што не бил на патот на куршумот меѓу атентаторот и претседателот.

„Тајната служба е длабоко тажна поради смртта на Клинт Хил“, се вели во соопштението во понеделникот на агенцијата одговорна за заштита на високи американски политичари, поздравувајќи ја неговата „непоколеблива лојалност“ кон семејството Кенеди за време на оваа трагедија, како и кон претседателите Двајт Ајзенхауер, Линдон Џонсон, Ричард Никсон и Џералд Форд.

Хил се возел во автомобил што ја придружувал претседателската лимузина, но – предоцна – со своето тело ги покри Џон Кенеди и првата дама Жаклин.

Снимката од 26 секунди направена од случаен минувач го снимил Хил како се фрла на претседателската лимузина, единствениот агент на Тајната служба којшто побрзал кон возилото.

Тој ја упатил првата дама која беше испрскана со крв, која изгледа како да лази, кон задниот дел од автомобилот, назад кон нејзиното седиште, а потоа ги покрива со своето атело и двајцата додека лимузината се движеше кон болницата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка и добиле 500.000 евра
Следна Статија Хајредини: Сите „бомби“ за раководството и за функционерите на ДУИ се во сефот на Груби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ова е најдобрата земја во светот: Гласале половина милион туристи, никој немал лошо искуство

Јапонија вторпат по ред е прогласена за најдобра земја во светот,според гласањето на „Condé Nast Traveler“. Со импресивен резултат од…

May 29, 2025
ЗАБАВА

Вечерва може да се види комета која последен пат била видена пред 80.000 години

Кометата А3 (Цучиншан-АТЛАС), која последен пат била видлива од Земјата кога неандерталците биле живи пред 80.000 години, можела да се…

October 12, 2024
ЗАБАВА

Целото свое богатство го остави на општината, но под еден услов

Старите остануваат осамени, а младите немаат поддршка. Ова е нешто што често се слуша на многу места во Германија. Меѓутоа,…

March 5, 2025

Можни нови GameCube игри за Nintendo Switch Online

Потенцијални знаци за идни изданија на култни игри

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?