Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Објавено July 11, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција за идентификување жртви или потенцијални жртви на трговија со луѓе/деца, како и за идентификување лица припадници на организирани криминални групи кои ги извршуваат кривичните дела – „трговија со луѓе” и „трговија со дете” по пат на сексуална или трудова експлоатација, присилни бракови, питачење, присилување на вршење други кривични дела биле откриени вкупно девет кривични дела.

Од нив по три кривични дела – „запуштање и малтретирање на дете“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, потоа две кривични дела – „фалсификување исправа“, како и едно кривично дело – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Вкупно пак околу овие кривични дела биле приведени осум лица, а дополнително на подрачјето на Тетово, приведено е и лице за кое претходно е распишана потерница (црвена потерница/red notice) од Словачка за сторено кривично дело – „трговија со луѓе”.

-Исто така, откриени се девет лица жртви на трговија од кои шест лица биле под 18 годишна возраст (малолетни) а три лица над 18 години старост. Одземени е еден пиштол марка „Smith & Wesson SW 1911” и шест куршуми калибар 45 мм кои сопственикот ги поседувал без соодветна дозвола за што е покрената кривична постапка, а воедно поднесени се голем број на прекршочни пријави согласно Законот за странци а вв со нерегулиран престој на странци во РСМ или злоупотреба на престојот како и прекршочни пријави против повеќе правни лица поради неправилности во работењето (непријавени работници, непочитување на работното време неисполнети услови за работа и друго).

Во оваа операција што инаку го опфаќа целиот европски континент во борба против трговијата со луѓе, учествуваат вкупно 43 држави како и меѓународни организации вклучувајќи ги и Европол, Интерпол и Фронтекс. Во Варшава, Р.Полска, беше воспоставен и координативен центар каде беа распоредени претставници од земјите учеснички, меѓу кои и претставник од РСМ, информираат денеска од МВР.

Во национални рамки носител на активноста била Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, Секторот за криминалистички истраги, ОСОСК, а целата активност беше спроведена во координација и соработка со Секторот за меѓународна соработка, Одделот за криминалистичко разузнавање и анализа, Секторот за криминалистичка анализа при СКИ-ОСОСК, Одделот за криминалистичка полиција, Секторите за внатрешни работи, Регионалните центри за гранични работи, Одделот за гранични работи и миграции при МВР, како и Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за вработување и Државниот инспекторат за труд.

Во текот на активностите на територијата на нашата држава биле ангажирани над две илјади полициски службеници, а меѓу другото биле извршени проверки на вкупно 2232 лица, 1598 возила како и проверки на вкупно 531 локации низ државата.

Инаку оперативната акција (ОА) 3.5 JAD Global Chain имала за цел подобрување на капацитетите на институциите надлежни за спроведување на законот, за да можат преку мултидисциплинарен пристап подобро да откриваат, истражуваат и гонат кривични дела поврзани со трговијата на луѓе/деца имајќи во предвид дека борбата против трговија со луѓе е мултидисциплинарна задача на повеќе засегнати институции и организации.

Акцијата се реализира во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција на почетокот на минатиот месец, во делот на сузбивање на трговијата со луѓе, односно програмата EMPACT-ОАП за трговија со луѓе и наши полициски службеници од повеќе организациски единици на МВР учествува во повеќедневните оперативни активности против трговијата со луѓе/пред се со деца како и во откривањето и сузбивањето на други видови криминал поврзан со кривичното дело – „трговија со луѓе“ – како што е илегалната миграција, фалсификувањето документи и слично.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Склучени договори со 18 приватни специјализанти во штипската болница, ќе се вработуваат и лекари, сестри и фармацевти
Следна Статија Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата, сведокот Трајковски и натаму недостапен

Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неосновано барањето за изземање на судијата Ивица Стефановски, поднесено од првообвинетиот Љупчо Палевски…

January 20, 2025
ХРОНИКА

Стружанецот по кој се трагаше два дена е пронајден мртов

Во атарот на струшкото село Глобочица околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два…

October 23, 2024
ХРОНИКА

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побарани притворски мерки за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж…

July 10, 2025
ХРОНИКА

СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес

Од СВР Велес попладнево соопштија нови детали за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Велес. Новите искази се дадени од…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?