Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) ПСЖ го преживеа пеколот на „Вила Парк“, а Барса драмата во Дортмунд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) ПСЖ го преживеа пеколот на „Вила Парк“, а Барса драмата во Дортмунд
СПОРТ

(Видео) ПСЖ го преживеа пеколот на „Вила Парк“, а Барса драмата во Дортмунд

Објавено April 16, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Фудбалерите на ПСЖ и Барселона се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите. Конечни резултати: Борусија Дортмунд – Барселона 3:1 и Астон Вила – Пари Сен Жермен 3:2.

Барселона беше апсолутен фаворит против Борусија, што го потврди и на првиот натпревар во Шпанија каде победи со 4:0.

Сепак, реваншот на Вестфален целосно им припадна на фудбалерите во жолто-црни дресови и со малку среќа можеа да остварат сензационален резултат. Победија но со недоволна разлика.

Се истакна трикратниот стрелец Серху Гираси. Првиот гол го постигна од пенал, вториот веднаш на стартот на вториот дел и ја подигна температурата на трибините.

Жолтиот ѕид не ги штедеше грлата, но автоголот на Бенсебаини за момент ја стиша еуфоријата.

Гираси успеа да постигне хет-трик, имаше уште неколку можности, но на крајот Барселона со вкупен резултат 5:3 се пласираше во полуфиналето.

Избраниците на Ханси Флик во полуфиналето ќе играат против подобриот од дуелот Баерн – Интер. Во првиот натпревар во Минхен, Италијанците победија со 2:1. Реваншот е в среда во Милано.

Вистинска драма се одвиваше на „Вила Парк“ во Бирмингем, но Џиџи Донарума не и дозволи на Асти=он Вила да го елиминира ПСЖ. Италијанскиот голман во второто полувреме имаше три сензационални интервенции.

Има и многу возбуда во Бирмингем во Вила Парк. На првиот натпревар во Париз подобар беше шампионот на Франција. Гостите по 27 минути игра имаа предност од два гола. Стрелци беа Хакими и Нуно Мендеш.

Вила се врати во мечот со голот на Тилеманс во 34.минута. Во вториот дел Мекгин и Конса во 55. и 57.минута погодија за преднст на Вила. До крајот домаќинот не успеа да избори барем продолженија.

ПСЖ во полуфиналто го чека победникот од двомечот Реал-Арсенал. Англискиот тим има предност од 3:0 пред реваншот во Мадрид.

Полуфиналните натпревари се закажани за 29 и 30 април, реваншите на 6 и 7 мај.

Финалето е на 31 мај на Алијанц Арената во Минхен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден месец по пожарот во Кочани во истрагата опфатени 60 лица
Следна Статија Дали Љупчо Коцевски свесно ја компромитирал акцијата на МВР за кочански „Пулс“?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети

Навивачите на Челзи побараа од Премиер лигата да ги истражи врските на косопственикот на клубот Тод Боли со веб-страницата за…

March 27, 2025
СПОРТ

“Делиите“ или полицијата., кој тепа појако? (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Црвена Звезда и Партизан имаше и трето полувреме. Навивачите на црвено-белите незадоволни од поразот се степаа со полицијата…

April 3, 2026
СПОРТ

Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар

Ракометниот клуб Алкалоид на домашен терен го победи РК Рунар Сандефјорд со 42:37 во првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп…

April 21, 2025
СПОРТ

(ФОТО) Маријана Ѓорѓиевска, првата Македонка која што се искачи на Хималаите!

Македонката Маријана Ѓорѓиевска од Прилеп го искачи врвот Исланд Пик на Хималаите од страната на Непал, и е првата Македонка…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?