Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Реал го растури Сити, хет-трик на Мбапе, по Милан и Аталанта испадна и Јувентус
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Реал го растури Сити, хет-трик на Мбапе, по Милан и Аталанта испадна и Јувентус
СПОРТ

(Видео) Реал го растури Сити, хет-трик на Мбапе, по Милан и Аталанта испадна и Јувентус

Објавено February 20, 2025 08:27
Сподели
Сподели

Реал Мадрид го елиминира Манчестер сити од Лигата на шампионите. Во реванпот од плејофот Реал го победи Сити со 3.1 и со вкупни 6:3 се пласира во осминафиналето.

Килијан Мбапе го постигна својот прв хет-трик во дресот на Реал во Лигата на шампионите. Францускиот репрезентативец си поигруваше со порозната одбрана на Манчестер сити.

Првиот гол го постигна во четвртата минута, кога Асенсио испрати долга топка, која патуваше речиси 60 метри, Рубен Дијаш лошо реагираше, а Мбапе го лобуваше Едерсон.

Во 33.минута ја измеша одбраната на Сити и зголеми на 2:0, а третиот гол го постигна во 61.минута по соло акција кога ја погоди „малата мрежа“.

Сити почесниот гол го постигна во судиското надополнување, Мармуш од слободен удар ја погоди гредата, а одбиената топка Нико Гонзалес ја спроведе во голот.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола изненади со составот и тактиката, на клупата ги остави Халанд и Де Брујне. Се реши за исклучително висок пресинг, му остави многу празен простор на тим кој во своите редови има тројца исклучително брзи напаѓачи.

Јувентус го комплетираше дебаклот на италијанските тимови во плејофот за пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страта дама“ по продолженијата доживеа елиминација од ПСВ во Ајндховен. Првиот меч заврши со победа на Јувентус од 2:1, а во реваншпт ПСВ победи со 3:1. Голот за пласман во осминафиналето го постигна Фламенго во 98.минута. Претходно Милан беше елиминиран од Феенорд, а Аталанта од Клуб Бриж.

ПСВ поведе во 53. минута со голот на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ, израмни Тимоти Веа во 63., а во 74. минута Исмаел Саибари го постигна голот за продолженијата. Имаше ПСВ две шанси преку Ноа Ланг да го реши мечот во регуларниот дел, но Белгиецот не успеа да погоди.

Херој на ПСВ е Фламенго кој најдобро се снајде пред голот на Ди Грегорио во осмата минта од првото продолжение. Најдобрата шанса во дополнителниот период ја имаше Влаховиќ кој ја погоди стативата.

Холанѓаните во осминафиналето ќе играат против Арсенал или Интер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во стан во Кисела Вода: Повредени станари, пожарникар и полицаец
Следна Статија (Видео) Трамп: Русија ги држи картите во преговорите за мирот во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

На 38 години почина Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на Карпош Соколи

Драган Лабовиќ, поранешен српски кошаркар почина на 38-годишна возраст. Некои од српските медиуми пишуваат дека причината за смртта е срцев…

May 10, 2025
СПОРТ

ЛШ: Ливерпул не запира, Барселона направи чудо во Лисабон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул го задржаа стопроцентниот учинок оваа сезона од Лигата на шампионите и по седмото коло во кое на…

January 22, 2025
СПОРТ

(Видео) Јокиќ со историски трипл-дабл ја уништи Атланта

Никола Јокиќ одигра историски добaр натпревар во победата на Денвер Нагетс над Атланта Хокс од 139:120. Актуелниот МВП во НБА…

January 2, 2025
СПОРТ

Микаела Шифрин тешко се повреди на велеслаломот во Килингтон (ВИДЕО)

Микаела Шифрин го возеше второто возење на велеслалом и беше на пат до 100-та победа во Светскиот куп, но не…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?