Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) СДСМ: Бараме одговорност од Јаневска затоа што ги остави учениците без учебници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) СДСМ: Бараме одговорност од Јаневска затоа што ги остави учениците без учебници
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Бараме одговорност од Јаневска затоа што ги остави учениците без учебници

Објавено September 7, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Министерката за образование Весна Јаневска, по неколкунеделните манипулации и уверувања дека на 1 септември секое дете ќе добие учебници, конечно ја призна вистината – учебници за сите ученици НЕМА. Со ова, министерката директно си ги потврди лагите и манипулациите со јавноста, изјави Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.

Во продолжение прес конференцијата

Прво тврдеше дека „сè е подготвено, сè е под контрола, учебници на 1 септември ќе има за сите ученици“, потоа обвини дека СДСМ лаже, за да на крај под притисок на јавноста и на фактите, ретерираше и го призна она што СДСМ го тврдеше – дека учебници за сите нема.

Со тоа уште еднаш се потврдува она што СДСМ континуирано го кажува: владата и министерката не работат, туку манипулираат и претставуваат лажна слика пред јавноста.

Наместо вистински да работи за подобри услови во образованието, министерката Јаневска спроведува постојана изборна кампања – шета по училишта, по печатници и држи говори дека се е решено, додека реалноста е сосема спротивна:

Децата на почетокот на учебната година немаат сите учебници,

Наставниците работат во сè потешки услови.

Ако министерката Јаневска манипулира со јавноста, лаже и ако не е способна да го води ресорот, а јасно е дека не е – најдобро е да си поднесе оставка.

Учебната година започна, а учебници нема – иако власта потроши 11 милиони евра.

Учениците од осмо одделение немаат учебници по математика, историја, хемија, физика и странски јазици.

Во стручните училишта цели генерации останаа без учебници по управно, процесно, правно и државно уредување.

Учебници има само за најмалите – од прво до трето одделение. За четврто и петто одделение состојбата е вистинска катастрофа.

И тие малку што ги има се нецелосни и испарталени. Родителите се принудени да печатат материјали од Вибер-групи, додека децата буквално немаат од што да учат.

Ова е доказ за целосната неспособност на власта. Весна Јаневска и премиерот Христијан Мицкоски ги изневерија учениците, родителите и наставниците. Наместо нови учебници – добивме признание дека учебници нема, иако парите се потрошени.

Учениците и наставниците не смеат да бидат жртви на неспособност, велат од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВРЕДИ: Ние со САД и Европа, Бујар Османи со Лавров и „Отворен Балкан“
Следна Статија Време е за средната класа: Мицотакис со „најсмела реформа на данокот на приход“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Ги исчистивме улиците, сега на ред се политичките фосили

„Викендот за чистење” не е само симболична акција таа претставува одраз на европските вредности во пракса. Граѓанска одговорност, заедничка ангажираност…

May 10, 2025
ПОЛИТИКА

Перински: Испорачување квалитетни јавни услуги за граѓаните е еден од нашите императиви, тоа е една од стратешките цели на оваа Влада

Испорачување квалитетни јавни услуги за граѓаните е еден од нашите императиви, па во таа насока развојот на локалната самоуправа е…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Пратениците не се откажуваат од патните трошоци

Избраниците во народното Собрание тешко се откажуваат од привилегиите. Ниту овој парламентарен состав не ја поддржа иницијативата за кратење на…

February 12, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки

Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните дека по нивната победа ќе дојде подобар живот. Наместо тоа, Македонија денес…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?