Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) СДСМ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) СДСМ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

Објавено November 30, 2025 11:58
Сподели
Сподели

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

“Фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро 9 милиони евра, народни пари.

И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025.

Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно.

Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните.

Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори.

Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра.

Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е?


И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски?

Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага.

Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме.

Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите.

Мицкоски е само негов ученик и извршител.

Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш. За сите

Крадењето мора да престане, веднаш”, рече Димитријевиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од велешка Маслодајна бараат намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто
Следна Статија Охриѓанка го нападнала својот сопруг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11…

July 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче предложи концепт за нов општествен и политички дијалог: Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани,…

April 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации

Од тоа што го слушам во медиумите е дека е здружение на граѓани, кое што е така наречено. Ставот на…

October 16, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си

Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови, му порача денеска од Охрид премиерот…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?