Двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика се незаконски разрешени. Тие беа разрешени пред неколку месеци спротивно на Законот за енергетика, реагираше денеска пратеникот од СДСМ Митко Трајчулевски на расправата во Собранието по Предлогот за именувањето членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Македонија.
Загриженост за ова разрешување, вели тој изрази и претседателот на Енергетската заедница и дека тоа претставува нарушување на независноста на регулаторното тело.
Разрешувањата се направени паушално заради партиски интереси, а не согласно законот , кажа Трајчулевски.
Во однос на предложените кандидати од Владата д- р Ирфан Шакири и Атанаско Туневски за кого вели дека променил неколку партии и дека во негово време колабирал енергетскиот систем.
Господ нека и е на помош на Македонија кога Туневски ќе ја води енергетската политика, вели Трајчулевски.