Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) СДСМ: Ова се лагите на Христијан Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) СДСМ: Ова се лагите на Христијан Мицкоски
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Ова се лагите на Христијан Мицкоски

Објавено May 25, 2026 19:18
Сподели
Сподели

СДСМ денеска на прес конференција ги посочи лагите на Христијан Мицкоски за економијата и животниот стандард, откако, како што тврди партијата, премиерот пред изборите ветувал подобар живот, повисоки плати и економија во која „ќе биде многу подобро“, а сега граѓаните, според нив, живеат потешко и едвај врзуваат крај со крај.

На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, порача дека Мицкоски ги излажал граѓаните кога ветувал економски пресврт. Според неа, по две години власт, нема подобар стандард, нема повисоки плати и нема подобар живот за граѓаните.

Партијата тврди дека секојдневието на граѓаните е влошено, а платите остануваат меѓу најниските во Европа. Во настапот беше посочено дека сиромаштијата достигнала 21,9 проценти уште во првата година од владеењето на Мицкоски, што СДСМ го претставува како доказ дека економските ветувања не се реализирани.

Од СДСМ обвинија дека власта нема пари за повисоки плати, нема пари за пензии, нема пари за минимална плата од 600 евра, ниту за земјоделците и повисоки субвенции. Според партијата, ова покажува дека предизборните најави биле едно, а реалноста по преземањето на власта е сосема друго.

Цветановски порача дека Мицкоски ветувал подобар живот, но дека граѓаните денес се соочуваат со поскап стандард, послаба куповна моќ и сè поголем притисок врз домашниот буџет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ротвајлери нападнале мајка со две деца во кичевско Другово
Следна Статија „Знам докази кои вие не ги знаете, ќе бидете шокирани“, вели министерот Тошковски за „Мазут“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Гаши: Законот овозможува владејачкото мнозинство да ја укине „техничката“ влада, но подобро е да се постигне договор

За да се укине „техничката“ влада, најдобро е претходно да се постигне консензус меѓу сите и затоа треба да се…

January 29, 2026
ПОЛИТИКА

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да…

November 18, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата

емократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради континуираното занемарување на употребата на албанскиот јазик во официјалната комуникација на Владата…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче предложи концепт за нов општествен и политички дијалог: Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани,…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?