Петкатна станбена зграда во централниот дел на Атина утрово се урна за време на демолирање соседен објект, објави „Екатимерини“.
Жителите на зградата навреме биле евакуирани, но грчките спасувачки служби сѐ уште трагаат по можни жртви заробени под урнатините, соопшти противпожарната служба.
Несреќата се случила додека на соседна парцела се изведувале работи за уривање двокатен објект, со цел изградба на нова петкатна зграда.
Уривањето било постепено, што им овозможило на три луѓе што се наоѓале внатре навреме да се евакуираат.
Четврт жител, кој првично се водел како исчезнат, подоцна бил пронајден на друга локација.
На местото биле испратени и кучиња трагачи кои пребарувале низ урнатините за знаци на живот, а биле ангажирани вкупно 30 пожарникари и осум противпожарни возила, како и три амбулантни возила.
Κατάρρευση πολυκατοικίας στα Πετράλωνα pic.twitter.com/khawqk7YFs
— Kathimerini_Web (@KathimeriniWeb) June 30, 2026
