Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес што го погоди Родос во Грција во текот на ноќта, но и областа Мармарис во Турција, кружат на интернет и покажуваат многу од ужасот што ги снајде луѓето во тие региони. Според првите информации, неколку десетици луѓе се повредени во земјотресот, а загина 14-годишно девојче како последица од потресот.
Земјотресот се случил во 02:17 часот по локално време, а бил со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 25 километри од Родос во Грција, а бил почувствуван во делови од Турција, Египет и Сирија.
Крајбрежниот град Мармарис во блиска Турција, исто така, беше погоден од земјотресот. Пријавени се најмалку седум лица повредени додека се обидувале во паника да ги напуштат своите домови.
Allahım sen koru 😢#marmaris #sallandık #depremoldu #muğla #deprem pic.twitter.com/5CE2cZyBE6
— 𝟏.𝟗 𝐌. (@One_Nine_M) June 3, 2025
Турските медиуми рано утрово објавија дека 14-годишно девојче загинало во земјотресот, додека вкупно 69 лица се повредени. Девојчето билчо пренесено во болница откако доживеало напад на паника, но починало и покрај напорите на лекарите.
Видеа од сцени од земјотреси снимени за време на земјотресите во тие региони циркулираат на социјалните мрежи.
Туристите на Родос, Грција, утрово добија итна порака од TUI. Во пораката се нагласува: „Ве молиме останете смирени и следете ги сите безбедносни упатства што ви ги дале вашиот сместувачки капацитет или локалните службеници“.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја се огласи преку социјалните мрежи во врска со земјотресот. Тој рече: „Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени се случи во Мармарис, Мугла. Земјотресот беше почувствуван и во околните провинции. Сите тимови на нашите надлежни институции продолжуваат со теренските проверки под координација на нашиот гувернер. Според прелиминарните податоци, нема уривање на станбени згради во градот.“
Türkiye-Marmaris açıklarında 6,2-6,6 büyüklüğünde deprem meydana geldi.
Deprem, Marmaris'in 30 km güney, Söğüt'ün 16 km güneydoğusu, Rodos Adası'nın 17 km kuzeydoğusu açıklarında, Ege-Kıbrıs Yayı üzerinde gerçekleşti.
Halk, sokaklara çıktı. pic.twitter.com/KhzIUcUUXm
— RUSEN || Press (@RusenPress) June 2, 2025