Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација
СВЕТ

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Објавено July 30, 2025 08:37
Сподели
Сподели

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија евакуација.

Земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Петропавловск на Камчатка, а според првичните извештаи, има повредени, објавија руските медиуми. Првиот бран цунами ги погоди Курилските острови, а цунами високo 3-4 метри го погоди полуостровот Камчатка.

Гувернерот на регионот Сахалин, Валери Лимаренко, изјави дека жителите се евакуирани на повисоки места додека заканата од нови бранови целосно не помине.

Предупредувања за цунами и евакуација беа издадени и за Јапонија, Хаваи, Западниот брег на САД и други земји од Пацификот, објави АП.

Американскиот систем за предупредување од цунами, исто така, издаде предупредување за „опасен бран цунами“ за следните три часа. Бранови високи над три метри се можни по должината на некои брегови на Русија и Еквадор, додека бранови високи од 1-3 метри се можни во Јапонија, Хаваи, Чиле и Соломонските Острови, се вели во соопштението.

Тлото не се смирува, а по земјотресот се регистрирани и последователни потреси во истата област.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски најави голема генералка за почисто Скопје
Следна Статија ДЕНЕС Е ОГНЕНА МАРИЈА: Ова никако не смеете да го правите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Почина припадничката на Националната гарда која беше застрелана од авганистански имигрант во близина на Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека почина Сара Бекстром, припадничка на Националаната гарда, која беше застрелана во близина на…

November 28, 2025
СВЕТ

Воз се исклучи од шините во јужно Мексико, со 13 загинати и повредени десетици

Морнарицата на Мексико соопшти дека возот превезувал 250 луѓе кога делумно се исклучил од шините близу градот Низанда во Оаксака.

December 30, 2025
СВЕТ

Израел објави фотографија од иранска ракета: „Испукана е по примирјето“

Амбасадата на Израел во Обединетото Кралство објави фотографија од остатоците од ракета за која тврди дека била испукана во северен…

June 24, 2025
СВЕТ

Ако Трамп воведе царини за Канада, Онтарио размислува за санкции за американскиот увоз на алкохол и извоз на електрична енергија

Онтарио, најнаселената провинција во Канада, би можела да го забрани алкохолот произведен во САД и да го ограничи извозот на…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?