Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи
ПОЛИТИКА

(Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи

Објавено August 12, 2025 12:53
Сподели
Сподели

„Во време кога цените на основните производи и трошоците за живот незапирливо растат, премиерот Христијан Мицкоски ја пласира тезата дека инфлацијата е последица на зголемените плати и пензии. Тоа не е вистина. Тоа е маневар со кој вината за економската состојба се префрла врз работниците и пензионерите, а не врз вистинските причини. Податоците го потврдуваат ова“, вели Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.

„Ако ги погледнеме последните статистички податоци за споредба на просечната плата и потрошувачката кошница, ќе видиме дека трошоците растат двојно побрзо од растот на палтата. Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од 61.855 денари во март на 63.908,00 денари во мај, односно за три месеци имаме зголемување од 2.053 денари. Во истиот период, просечната нето-плата се зголеми од 44.763 денари на 45.796 денари, односно за три месеци се зголеми за 1.033 денари.

Ако се погледнат и најновите бројки, разликата е уште поочигледна. Во јуни кошницата достигна 64.698 денари, а во јули 65.328 денари, што значи дополнителен раст од 1.420 денари за само два месеци. За истиот период нема податоци за просечната плата, но трендот од претходните месеци јасно покажува дека зголемувањето на платите е далеку побавно од растот на трошоците. Реалната куповна моќ на граѓаните паѓа. Тврдењето дека платите ја туркаат инфлацијата е економски неодржливо.

Премиерот зборува и за пензиите како причина за поскапувањата, но фактите го демантираат. Во март имаше еднократно, линеарно зголемување од 2.500 денари. Но тоа не стана тренд. Во април просечната пензија падна на 26.163 денари, во мај беше 26.157, а во јуни едвај се врати на 26.207 денари. Пензионерите и понатаму живеат на граница на егзистенција. Нивните примања едвај ги покриваат основните трошоци. Обвинувањето дека тие ја предизвикуваат инфлацијата е економски и морално погрешно.

Јазот меѓу приходите и трошоците уште повеќе се потврдува кога ќе се погледнат и другите ценовни индикатори.

Индексот на трошоци на живот во јули е за 4,8% повисок од истиот месец лани, а индексот на цени на мало за 5,3%. Само еден месец претходно, овие стапки беа пониски, односно изнесуваа 4,5% и 3,7%, што значи дека цените забрзуваат, а тоа се случува без раст на примањата.

Трендот на забрзување на цените уште појасно се гледа кај основните земјоделски производи, каде поскапувањата се најизразени и имаат директно влијание врз животниот стандард.

Во јуни, цените на растителното производство се зголемени за 22,2%, а на добиточното за 6,9%. Кај одделни производи, растот е уште подраматичен, компирот е поскап за 56,7%, житата и оризот за 25,5%, зеленчукот за 23,9%, а овошјето и грозјето за 15,4%.

Овие бројки се далеку од ефект на зголемени плати и пензии ,тие се резултат на нестабилни пазари, високи влезни трошоци и спекулативно формирање на цените.

Владата се потпира на импровизација и пропаганда. Наместо системски да го искористи Законот за нефер трговски практики, кој може да намали цени и до 30% преку санкционирање на неправедните профити, таа води политички маркетинг.

Состојбата во индустријата дополнително го потврдува ова, во јуни тоа пораснало само за 0,5%, односно економијата не е „прегреана“ од побарувачка.

Во енергетиката, зависноста од увоз дополнително влијае на цените. Во мај увозот на електрична енергија се зголемил за 25,9%, а извозот за 11,1%. Ова покажува дека енергетските фактори се меѓу причините кои придонесуваат за растот на цените, а не зголемувањето на платите и пензиите.

Минималната плата од март е 24.379 денари, утврдена еднострано, без синдикати и без социјален дијалог. Зголемувањето од 1.800 денари беше донесено како политичка одлука, а не како дел од сеопфатна стратегија за подобрување на животниот стандард. Денес, за да се покрие синдикалната кошница од јули, потребни се речиси 2,7 минимални плати. Двајца вработени со минимална плата во едно семејство и пак ќе немаат доволно за месечните трошоци.

Цените во Македонија не растат затоа што граѓаните заработуваат повеќе. Растат затоа што нема стратегија за економска стабилност, затоа што се толерираат монополски структури и шпекулативни маржи, затоа што зависиме од увоз за основни добра.

Обидот да се префрли вината врз работниците и пензионерите е политички срамен. Македонија заслужува економија што ќе работи за своите граѓани, што ќе обезбедува стабилни цени, фер пазар и заштита на животниот стандард, а не изговори за сопствената неспособност“, изјави Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија
Следна Статија Сузбиени 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 лице во период од една година, извести МВР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Градоначалниците од СДСМ, Герасимовски и Христовски ќе бидат во трката за нов мандат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата веќе работи на подготовките за претстојните локални избори, со јасни критериуми за…

May 24, 2025
ПОЛИТИКА

Муртезани: Таравари го смени приоритетот на Вреди и кокетира со ДУИ

Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, и тоа не го крие, го доведува во прашање целото функционирање на Владата зашто…

April 16, 2025
ПОЛИТИКА

Демократска партија на Турците ќе избира нов лидер на 25 мај – проф. д-р Муедин Кахвеџи најсериозен кандидат

На 25 мај, Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) ќе избере нов претседател, а според направените анкети на социјални…

May 24, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје, наредната недела ќе ги објавиме сите кандидати

ВРЕДИ ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје, како и за Општина Чаир, во Струга ќе го поддржи независниот…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?