раги Ѓоргиев, татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, објави видео за кое тврди дека прикажува кражба од гробното место на неговиот син.
Тој на социјалните мрежи навел дека станува збор за повеќекратни кражби и изразил револт поради, како што вели, континуираното нарушување на гробното место.
-„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да си, и да ти се здрави и живи децата”, напиша тој на Фејсбук, споделувајќи видео.
