Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Тепачка во ОУ „Дитурија“ во Сарај: Шест ученици претепаа други двајца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Тепачка во ОУ „Дитурија“ во Сарај: Шест ученици претепаа други двајца
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Тепачка во ОУ „Дитурија“ во Сарај: Шест ученици претепаа други двајца

Објавено December 13, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Како што информираат од МВР, вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено дека околу 12:00 часот, пред Основно училиште „Дитурија“ во Сарај, скопско, од страна на шест ученици физички биле нападнати двајца ученици од 9-то одделение.

Настанот бил објавен и на социјалните мрежи, а Министерството за внатрешни работи веднаш презело мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Од МВР во соопштението посочуваат дека со родителите на нападнатите малолетници бил извршен службен разговор, а исто така денес бил извршен разговор и со оштетените малолетници. Кај едно од лицата од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди додека кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди. Идентификувани се учениците кои го извршиле нападот и истите се на возраст од 13 до 15 години. Во текот на денешниот ден сите шест лица се повикани во Полициска станица.

За настанот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство” по член 386 од КЗ на РСМ, информираат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Објавени нови фотографии со Епштајн со Трамп, Клинтон и Гејтс
Следна Статија Ердоган по средбата со Путин: „Мирот не е далеку“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник пријавен за исчезнат

„Денеска (09.03.) во 04.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека неговиот…

March 9, 2025
ХРОНИКА

Несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на магистралниот пат А-2 од Куманово кон Крива Паланка кај клучка Алфи од 16:00 часот е во прекин за…

August 30, 2025
ХРОНИКА

72-годишен битолчанец со хебла и пиштол се обидел да ограби продавница за брзи пари

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се води во Основен кривичен суд Скопје

Советот за казнени дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска донесе одлука со која Основниот кривичен суд Скопје…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?