(Видео) Торнадо предизвика хаос во САД, најмалку 16 мртви

- Advertisement -

Најмалку 16 лица загинаа во силна бура и торнадо што ги погодија делови од американските држави Мисури и Кентаки од петокот навечер до утрово, соопштија денес официјални лица.

Според шерифот Џон Рут, девет лица се убиени во округот Лорел, Кентаки, а голем број луѓе се сериозно повредени, пренесува „NBC News“.

Тој рече дека торнадо го погоди Кентаки доцна синоќа и дека потрагата по преживеани продолжува.

Официјалните лица соопштија дека пет лица загинале во Сент Луис, а уште две во округот Скот, во југоисточен Мисури.

Официјални лица од Сент Луис изјавија дека повеќе од 5.000 домови биле погодени од силната бура.

Портпаролот на Детската болница „Сент Луис“ и болницата „Барнс-Џуиш“ синоќа изјави дека установите примиле вкупно најмалку 35 пациенти – Детската болница примила 15, додека „Барнс-Џуиш“ примила најмалку 20, а можеби и 30 повредени во бурата.

Како што изјави портпаролот синоќа, сите пациенти во Детската болница треба да бидат пуштени дома, освен двајца. Медиумите претходно објавија дека еден пациент е во критична состојба.

Голем број пациенти во болницата „Барнс-Џуиш“ исто така требаше да бидат отпуштени, додека голем број се во сериозна состојба.

Портпаролот на полицијата во Сент Луис, Мич Мекој, изјави дека операциите за пребарување и спасување се во тек со помош на патролата на државните автопатишта на Мисури и службите за итни случаи од околните окрузи.

Спасувачките екипи бараа преживеани во темнината во Сент Луис откако повеќе од 40.000 клиенти останаа без струја доцна синоќа.

Според „PowerOutage.us“. во државата Мисури, повеќе од 97.000 корисници останаа без струја.

Телевизијата „KSDK“ објави дека вчера две торнада можеби го погодиле загрозеното подрачје.

Националната метеоролошка служба соопшти дека работи на потврдување на второ торнадо.

Сподели ја оваа статија