Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди
СВЕТ

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Објавено March 19, 2025 08:16
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето предизборно ветување за поголема транспарентност за кобниот настан во Тексас.

Првата серија електронски копии од документите се појави на веб-страницата на Националниот архив на САД, а повеќе од 80.000 се очекува да бидат објавени откако адвокатите на Министерството за правда со часови ги прочистуваа.

Дигиталните документи, вклучувајќи ги и претходно доверливите белешки, нудат поглед на атмосферата на страв што ги карактеризираше американските односи со Советскиот Сојуз набргу по кубанската ракетна криза во 1962 година, која речиси доведе до нуклеарна војна.

Објавувањето на документите сè уште веројатно ќе ги заинтригира луѓето кои долго време биле фасцинирани од драматичниот период во историјата, атентатот и самиот Кенеди.

Многу од документите се однесуваат на работата на истражителите кои се обидоа да дознаат повеќе за времето кое атентаторот Ли Харви Освалд го поминал во Советскиот Сојуз, и да ги следат неговите движења во месеците пред атентатот на Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година.

Првичниот преглед на материјалот не покажа отстапување од официјалната верзија на настаните.

Министерот на Трамп, за здравство, Роберт Ф. Кенеди помладиот, син на Роберт Кенеди и внук на Џон Ф. Кенеди, рече дека верува дека ЦИА била вклучена во смртта на неговиот чичко, обвинување кое агенцијата го отфрли како неосновано.

Џек Шлосберг, внукот на ЏФК, вчера на социјалната платформа Икс напиша: „Администрацијата на Трамп не предупреди никого во семејството на претседателот Кенеди за објавувањето“.

Фредерик Логевал, професор по историја на Харвард, кој напиша книга за ЏФК, изјави за Ројтерс дека новите документи би можеле да ја комплетираат сликата за атентатот.

„Важно е кога ќе ја добиете целата документација, идеално во нецензурирана форма. Сепак, не очекувам драматични нови откритија кои суштински ќе го променат нашето разбирање за настаните“, напиша тој.

Објавените документи се достапни на следниот ЛИНК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новинари повикани во полиција, па пуштени, бидејќи снимале со дрон на денешните протести
Следна Статија Приведен градоначалникот на Истанбул поради истрага за корупција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Германија минатата година од своите граници вратила повеќе од 30 илјади лица

Германија од мај минатата година од своите граници вратила околу 30 илјади лица. Министерот за внатрешни работи Александер Добринт смета…

March 20, 2026
СВЕТ

Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската унија треба да ја промени својата „воена стратегија“ во „мировна стратегија“ и…

October 17, 2024
СВЕТ

Сијарто за договорот со САД: Европската Унија е понижена и исмеана

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доживеала два…

July 29, 2025
СВЕТ

Унгарскиот премиер најавува пресврт во Европа, конзервативните сили во подем

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во обраќање во Будимпешта истакна дека, според него, светот влегува во период на големи политички…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?