Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Трипл-дабл на Јокиќ со 61 поен, Денвер по две продолженија загуби од Минесота
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Трипл-дабл на Јокиќ со 61 поен, Денвер по две продолженија загуби од Минесота
СПОРТ

(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ со 61 поен, Денвер по две продолженија загуби од Минесота

Објавено April 2, 2025 09:05
Сподели
Сподели

Кошаркарите на Денвер Нагетс по две продолженија загубија од Минесота Тимбервулфс. Минесота триумфираше со резултат 140:139, а мечот го одбележа рекордниот учинок на српскиот репрезентативец Никола Јокиќ.

Јокиќ за 52 минути и 38 секунди на паркетот постигна 61 поен (18/29 од поле, 6/11 од три), заедно со 11 скока и 10 асистенции. Трет трипл-дабл со најмалку 60 поени во историјата на НБА.

Тоа е, исто така, најголем број на поени во трипл-дабл учинок во историјата на лигата, а пред него Лука Дончиќ имаше 60 поени, 21 скок и 10 асистенции против Њујорк во 2022 година, а Џејмс Харден имаше 60 поени, 11 асистенции и 10 скока против Орландо во 2018 година.

Арон Гпрдпн забележа 30 поени, осум скока и пет асистенции, Кристијан Браун постигна 18 поени со 12 скока. Денвер на овој натпревар беше без повредените Џамал Мареј, Мајкл Портер Јуниор, Џулијан Стротер и Дерон Холмс.

Нагетс одлично го отворија натпреварот поведоа со 21:5, но Минесота успеа да се врати на во средината на регуларниот дел од играта.

Избраниците на Мајк Мелоун направија голема серија со која остварија пресврт и значајна предност на почетокот на четвртата четвртина, а на крајот од таа четвртина го изборија продолженија со поените на Никола Јокиќ.

Поранешниот кошаркар Мега со кош на осум секунди пред крајот ги спречи Нагетс да загубат во првото продолжение, но Минесота победи дополнителните пет минути.

Трагичар на Нагетс беше Расел Вестбрук, кој промаши положување при резултат 139:138, а потоа направи фаул над Александер-Вокер, кој од линијата за слобидни им ја донесе победата на Волците од Миенаполис.

Најзаслужен за триумфот на Тимбервулфс беше чуварот Ентони Едвардс. Олимпискиот шампион го заврши мечот со 34 поени, 10 скока, осум асистенции.

Се истакнаа и Џулиус Рендл со 26 поени, девет скока и седум асистенции, Александар-Вокер со 26 поени, седум скока и осум асистенции и францускиот центар Руди Гобер со 19 поени и 12 асистенции.

Нагетс имаат скор 47-26 и се на третото место на Западот, додека Минесота е 44-32 и седма на конференцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД
Следна Статија Владата ќе набавува 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Aркан бил донесен за да ги создаде „Делиите“

Новинарот Марко Лопушина изнесе досега непознати детали за Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тој тврди дека Аркан бил донесен од странство за да…

November 28, 2024
СПОРТ

Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации

Три дена по триумфот над Летонија во Рига во 3-0, македонската фудбалска репрезентација вечерва против Ерменија во Ереван ја очекува…

October 13, 2024
СПОРТ

Нори го елиминира Алкараз од Мастерсот во Париз

Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го заврши својот настап на Мастерсот во Париз во второто коло. Алкараз беше слободен…

October 29, 2025
СПОРТ

На Серхио Рамос не му се оди во пензија

Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос и официјално потпиша со мексиканскиот клуб Монтереј. 38-годишниот дефанзивец ја продолжува кариерата откако беше…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?