Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Убиецот од Штип имал четворица помагачи, сите се од Турција и се приведени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (Видео) Убиецот од Штип имал четворица помагачи, сите се од Турција и се приведени
ХРОНИКА

(Видео) Убиецот од Штип имал четворица помагачи, сите се од Турција и се приведени

Објавено May 9, 2025 09:52
Сподели
Сподели

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип.

МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.

Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.

Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се трага по пукачот од Штип, ја пробил рампата кај Миладиновци во полициската потера
Следна Статија (Видео) Преседан во Ватикан: за прв пат објавена снимка од папата веднаш по изборот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 

Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски и Валентина Симоновска се виновни за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на…

January 13, 2025
ХРОНИКА

Двајца малолетници (14) испраќале мејлови за поставени лажни бомби во училишта во Скопје, еве како ги открила полицијата

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното…

February 27, 2025
ХРОНИКА

Финансиската полиција поднесе пријава до ОЈО за лажни фактури на фирми, една е во вредност од 32 милиона денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје   поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица  поради…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?