Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Филмски грабеж во Лос Анџелес: Крадци спектакуларно одзеле плен вреден најмалку 10 милиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Филмски грабеж во Лос Анџелес: Крадци спектакуларно одзеле плен вреден најмалку 10 милиони долари
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Филмски грабеж во Лос Анџелес: Крадци спектакуларно одзеле плен вреден најмалку 10 милиони долари

Објавено April 17, 2025 18:53
Сподели
Сподели

Крадци ископале бетонски ѕид за да упаднат во продавница за накит во Лос Анџелес, со роба вредна најмалку 10 милиони долари — вклучувајќи часовници, привезоци, златни синџири и други предмети, соопшти полицијата.

Грабежот се случил околу 21 часот и 30 минути во недела во продавницата „Love Jewels“ на улицата Бродвеј, во срцето на областа позната по продавниците за накит, изјави полицаецот Дејвид Куелар од полицискиот оддел во Лос Анџелес, според АП.


Инспекторите ги прегледаа снимките од надзорните камери на кои се гледа како осомничените влегуваат во продавницата преку голема дупка што ја пробушиле од соседната зграда, рече тој.

„Тие копаа низ повеќе слоеви бетон за да стигнат до целта“, рече Куелар.

Осомничените избегале низ истата дупка и тргнале со понов пикап Шевролет. Грабежот не бил откриен додека вработените во понеделникот наутро не пристигнале на работа.

Според првичните проценки, украдени се стоки во вредност од 10 милиони долари, рече Куелар, истакнувајќи дека таа бројка може да се промени. Сопственикот за агенцијата АП изјавил дека загубата била поблиску до 20 милиони долари и дека немаат осигурување. Алармот не се вклучил, а камерите за надзор на продавницата биле исклучени.

Во продавницата во вторникот работниците покриле дупка во ѕидот со метална обвивка, ги поправале другите оштетувања и ги исчистиле превртените витрини и расфрланите кутии. Искршени се два големи сефа, а во нив била целата стока што ја имале во продавницата.

Клиентите и пријателите дојдоа да го изразат своето жалење, а некои дури и побараа да купат нешто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ноле го плаќал Иванишевиќ по еден милион евра годишно
Следна Статија (ФОТО) Бастијан ја остави Ана за новинарка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да приреди вистински спектакл, овој пат тоа го направи на церемонијата на отворањето на Зимските…

February 7, 2026
ЗАБАВА

Овој пијалок ќе ве препороди ако сте претерале со јадење и пиење!

Според некои истражувања, во текот на празниците внесуваме околу 4.500 калории дневно. Ако нашиот организам не е подготвен на тоа,…

January 2, 2025
ЗАБАВА

Нега на лицето за време на бременост: што смеете, а што никако не треба да правите

Бременоста е едно од најубавите, но и најделикатните животни поглавја – период исполнет со големи промени, и во телото и…

November 30, 2025
ЗАБАВА

Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини

Македонската православна црква и нејзините верници утре, на 27 октомври, ја слават заштитничката на жената – Света Петка. Оваа славна…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?