Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Јуве во 94. и 96.минута од 2:4 до 4:4, Карабаг ја шокира Бенфика среде Лисабон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Јуве во 94. и 96.минута од 2:4 до 4:4, Карабаг ја шокира Бенфика среде Лисабон
СПОРТ

(Видео) Јуве во 94. и 96.минута од 2:4 до 4:4, Карабаг ја шокира Бенфика среде Лисабон

Објавено September 17, 2025 08:16
Сподели
Сподели

Долго ќе се прашуваат во Дортмунд како ја испуштија победата во Торино. „Милионерите два пати водеа, Јуве два пати се враќаше во мечот, а кога Бенасабијани во 86.минута од пенал погоди за 2:4 се чинеше дека победникот е решен.

Борбеноста сепак им се испалтеше на играчите на Јувентус со головите на Влаховиќ во 94. и Кели во 96.минута дојдоа до 4:4. Србинот, Влаховиќ е апсолутен херој, на теренот влезе во 60.минута, мечот го заврши со два гола и асистенција за Кели.

 

Фудбалерите на Карабаг ја шокираа Бенфика во Лисабон, со победа по пресвртот, 3:2. Дебитантот од Азербејџан прими два гола во првите 16 минути, но тоа не го спречи да стигне до три бода до крајот на натпреварот.

Леандро Андраде ја врати надежта кај гостите пред полувремето со гол во 30-та минута.

Продолжението на натпреварот донесе молк на „Луж“, бидејќи Дуран израмни во 48-та минута, а пресвртото го комплетираше Кашчук, кој во 86-та минута ја искористи очајната реакција на одбраната на домашниот тим.

 

Победа на домашен терен оствари Тотенхем, кој го совлада Виљареал со минимален резултат во Лондон, 1:0.

Единствениот гол на натпреварот беше виден во четвртата минута од натпреварот. Поточно, автогол на голманот на гостите Луиз Жуниор.

 

Реал со два гола од белата точка успеа да направи пресврт против Олимпик Марсеј. Гостите водеа од 2-та минута со голот на Веа. Седум минути подцна изеданчи Мбапе од пенал. Во 71-та минута поради глупав потег, црвен картон доби Карвахал, но Реал и со играч помалку избори упте еден пенал. Мбапе ги постави конечните 2:1.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани
Следна Статија (Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени се апсења

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ристовски: Нема да се субвенционираат екипите од трета лига во било кој спорт

Нема да се даваат субвенции на екипите од Третата македонска фудбалска лига, а субвенции нема да добиваат и екипите од…

January 30, 2025
СПОРТ

Голема победа на Њујорк Никс, ЛА Лејкерс пред елиминација (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њујорк Никс триумфираа против Детроит Пистонс со 94-93 и поведоа со 3-1 во серијата од плејофот од НБА-лигата.…

April 28, 2025
СПОРТ

Браво Лина: Ѓорческа во четвртфиналето на ВТА турнирот во Мадрид

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид, откако попладнево нејзината ривалка Алина Корнеева…

April 9, 2026
СПОРТ

Спортистка објави снимка од сместувањето во Македонија, се урнал плафонот од бањата (ВИДЕО)

Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?