Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Виена сака да стане град без отпад, еве како планира да го постигне тоа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Виена сака да стане град без отпад, еве како планира да го постигне тоа
СВЕТ

Виена сака да стане град без отпад, еве како планира да го постигне тоа

Објавено March 2, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Оваа година е прогласена за година на кружна економија во австриската престолнина бидејќи градските власти сакаат Виена да ја претворат во град без отпад.

Овој план не е само теорија, туку конкретен сет на мерки кои ќе го намалат отпадот, ќе го зголемат рециклирањето и ќе ја промовираат повторната употреба на ресурсите.

Иако населението е зголемено за 20 проценти од 2005 година, количината на собран отпад остана стабилна, а отпадот по глава на жител е намален за 15 проценти. Благодарение на прецизното одвојување на отпадот, Виена е рангирана меѓу водечките европски градови во овој сектор.

Градот претстави нов План за управување и намалување на отпадот, кој вклучува повеќе од 160 конкретни мерки. Една од клучните цели е да се намали отпадот преку охрабрување на поправка на скршените производи и промовирање на повторна употреба наместо нивно фрлање.

Дополнително, акцент е ставен на зголемување на рециклирањето, што вклучува поголема употреба на рециклирани градежни материјали и подобро искористување на отпадот од домаќинствата. Понатаму, градот се обидува да го третира отпадот како вреден ресурс – органските остатоци ќе се користат за производство на биогас, додека фосфорот ќе се екстрахира од тињата од канализацијата, кој може да се користи како ѓубриво во земјоделството.

Најдобар отпад е оној што никогаш не се појавува“, истакна Јирген Чернохорски, член на одделот за клима на градската влада.

Виена сака да го намали отпадот преку иницијативи како што се изнајмување наместо купување, охрабрување на употребата на производи за повеќекратна употреба и едукација на граѓаните за правилно одвојување на отпадот.

Фокус е ставен и на градежниот сектор, каде што ќе се користат рециклирани материјали за нови згради. Виена веќе ги тестира овие принципи на проекти како што е станбен комплекс на местото на поранешната железничка станица Нордвестбанхоф.

Во наредните месеци ќе се развие детална стратегија за циркуларна економија која ќе ги вклучи сите аспекти на градската инфраструктура – од јавни простори и згради до прехранбената индустрија и транспортот. Целта е да се постават стандарди кои ќе послужат како модел за другите градови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, вели Димитриеска-Кочоска, намален јавниот долг
Следна Статија Со 1,35 промили алкохол удрил во млада девојка во Центар, возачот уапсен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Не е трик, сериозно сфатете ја нуклеарната закана на Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери кој е во добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, вели…

November 23, 2024
СВЕТ

Републиканците на чекор до победа во Сенатот на САД, освоија 49 од потребните 51 место

Врз основа на тековните проекции на CNN, вака се обликува рамнотежата на силите во Конгресот. Во Сенатот републиканците досега имаат…

November 6, 2024
СВЕТ

Зеленски: Украина е поблиску до мир од кога и да било од почетокот на војната

Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мир отколку кога било во речиси…

February 3, 2025
СВЕТ

(Видео) Отсечени градови, куќи во вода: жителите качени на покривите во делови од Австралија

Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?