Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Викендов пропадна голема пирамидална шема во Хрватска, илјадници останаа без своите животни заштеди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Викендов пропадна голема пирамидална шема во Хрватска, илјадници останаа без своите животни заштеди
БАЛКАН

Викендов пропадна голема пирамидална шема во Хрватска, илјадници останаа без своите животни заштеди

Објавено September 9, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Во Хрватска, по неколкугодишно функционирање, ненадејно пропадна платформата XUEX, која ветуваше лесна заработка преку криптовалути, оставајќи илјадници граѓани без дел или целосно без своите вложени средства. Платформата припаѓаше на EG Investment Group и претходно се срушила и во Србија и Албанија.

XUEX функционираше така што инвеститорите добиваа два сигнала дневно преку апликацијата, а средствата им растеа со секоја потврда. Првиот бран на корисници често ги подигнуваше парите и ги споделуваше успешните резултати со пријатели и семејство, привлекувајќи нови членови и создавајќи впечаток на легитимна заработка.

Колапсот започна кога ревизијата ја блокирала платформата, а корисниците веќе не можеа да ги повлечат своите инвестиции. Еден од лидерите на XUEX изјави дека исплатите ќе траат до август следната година и ги повика луѓето да се приклучат на нов финансиски проект, ветувајќи 50% од вложените средства.

Експертите предупредуваат дека ова е класична Понзи шема, каде новите вложувања се користат за исплата на претходните инвеститори, сè додека приливот на средства не опадне и платформата не банкротира.

Случајот сега е предмет на кривична истрага, а полицијата апелира дека не постојат брзи и лесни пари на легален начин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лекарите велат дека нема подобар зеленчук за срцето: Го има во секој дом, сите експерти го фалат
Следна Статија Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош

Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со…

November 15, 2024
БАЛКАН

Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи

Светскиот туристички барометар покажува дека класичните дестинации за летен одмор како Шпанија, Грција и Турција привлекуваат најмногу туристи, но кога…

March 6, 2025
БАЛКАН

(Видео) Падна дел од фасадата на зграда на главниот плоштад во Загреб

Парчиња од фасадата од предниот дел на зградата паднале на плоштадот Бан Јелачиќ,објави порталот „Индекс“. Полицијата ја опколила областа, а…

November 23, 2024
БАЛКАН

Ден на жалост во Србија и тридневна жалост во Нови Сад по загинувањето на 14 лица

Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?