Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вилијам Секл и Јовче Ременски го наместиле и „Кралот на местенките“ Христијан Илиевски од Хрватска со лажни дојави од АНБ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вилијам Секл и Јовче Ременски го наместиле и „Кралот на местенките“ Христијан Илиевски од Хрватска со лажни дојави од АНБ
МАКЕДОНИЈА

Вилијам Секл и Јовче Ременски го наместиле и „Кралот на местенките“ Христијан Илиевски од Хрватска со лажни дојави од АНБ

Објавено September 3, 2025 12:06
Сподели
Сподели

Жртва на лаги и на измислици во извештаите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), за кои бруи јавноста по обелоденувањето на наводите за масовни злоупотреби во тајната полиција во периодот од 2019 до 2024 година, бил и Христијан Илиевски (48), веројатно единствениот Македонец за кого во Италија е напишана книга. Таа книга сѐ уште се продава по цена од 20 евра, а во неа се опишува големиот скандал со местење фудбалски натпревари во Калчо лигата, кој изби во 2011 година, пишува порталот Плусинфо.мк.

Италијанските медиуми тогаш го прогласија Илиевски за водач на криминална група која подмитувала играчи. Откако ќе одлежи 17-дневен притвор, Христијан во следните три години ќе биде недостапен за органите на прогонот во Италија, но во април 2015 година ќе се појави пред истражниот судија, со спектакуларно признание на вина за учество во местење на два фудбалски натпревара, за што ќе добие условна затворска казна од 2 години.

Денес Илиевски со семејството живее во мирната Равена во Италија. Се занимава со градежништво, често патува во Словенија и во Хрватска. Има бугарски пасош. Категорично тврди дека после неговата историја со местенките, ниту еднаш не дошол во судир со законот. Нема ни кривични ни прекршочни казни, а против него не се водат никакви истраги.

Лошата ноќ на Мали Лошињ не можеше да заврши добро

Историјата за местенките во Калчо лигата и за улогата на Илиевски одамна е позната и детално е раскажана во македонските медиуми. Таа приказна нема врска со она што ќе му се случи на овој човек на 4 март 2024 година вечерта, во Хрватска, кога е уапсен на островот Мали Лошињ, а против него е поведена постапка за протерување од земјата. Претходно, хрватската Сигурносно-обавештајна агенција (СОА) испратила информација до полицијата во Риека, со ознака „доверливо“, во која се тврди дека Илиевски претставува закана за националната безбедност. Врз основа на таа информација, тој е протеран од Хрватска, на граничниот премин Хоргош, во Унгарија.

– Да бидам искрен, бев затекнат од целата ситуација. Не знаев што да мислам. Она со местењето натпревари одамна беше заборавено. Во градежниот бизнис имав успеси, а во моментот на протерувањето бев среде голем градежен проект во Пореч, кој сѐ уште не е завршен. Припадниците на СОА кои ме испрашуваа, ми поставуваа чудни прашања, за тоа дали познавам некои луѓе од скопската бизнис елита. Немав што да кријам, им реков дека ги познавам сите. Скопје ионака е мал град и сите кои сме во бизнисот, на овој или на оној начин, се познаваме. Дури подоцна, кога прочитав што содржела доверливата информација на СОА за мене, ми стана јасно кој и зошто ме наместил – раскажува Илиевски за Плусинфо.

Интересно е дека тој сега има добри шанси да ги увери хрватските управни судии дека сепак згрешиле кога ѝ поклониле верба на информацијата на СОА. Шансата ја доби по макотрпна правна битка, кога Уставниот суд на Хрватска ја укина одлуката на Управниот суд во Риека и на Високиот управен суд, со образложение дека било повредено неговото право на правично судење. Таа пресуда на Уставниот суд во хрватските медиуми беше објавена како првостепена сензација, а „Јутарњи лист“ објави голема статија за овој случај.

Целиот текст во продолжение на Плусинфо.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Кина покажа невидено оружје од кое се плаши Западот
Следна Статија Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Затворивме два научни институти и во најскоро време ќе затвориме уште два

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гости му украле половина подароци на мајмунот Мики во ЗОО Скопје

Војо Иванов, вработен во Зоолошката градина во Скопје, објави дека посетители украле дел од подароците наменети мајмунот Мики, кој ги…

March 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Чест ми е што сум меѓу гостите на Макрон

Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет

На покана на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?