Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Висок функционер на Ким Џонг-ун уапсен поради дебаклот со лансирањето на воениот брод
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Висок функционер на Ким Џонг-ун уапсен поради дебаклот со лансирањето на воениот брод
СВЕТ

Висок функционер на Ким Џонг-ун уапсен поради дебаклот со лансирањето на воениот брод

Објавено May 26, 2025 09:47
Сподели
Сподели

Северна Кореја уапси четврти функционер поради неуспешното лансирање на нов воен брод, што го налути лидерот Ким Џонг-ун, објави државната новинска агенција КЦНА.

Ри Хјонг-сон, заменик-директор на Одделот за воена индустрија на владејачката Работничка партија, е уапсен и се вели дека е „во голема мера одговорен за сериозниот инцидент“ што се случи минатата недела.

Станува збор за разорувач од 5.000 тони кој се превртел при лансирањето и сериозно го оштетил трупот, што Ким го опиша како „криминален чин“ кој „сериозно ги оштетил достоинството и гордоста на земјата“. Бродот моментално е во фаза на поправки под надзор на стручен тим, објави КЦНА.

Ри, кој е и член на Централната воена комисија на партијата – телото кое управува со Корејската народна армија и ги одредува воените политики на земјата – е највисоко рангираниот функционер уапсен во врска со инцидентот. Во текот на викендот, уште три лица одговорни беа уапсени од бродоградилиштето во Чонгџин на северот од земјата, каде што беше изграден бродот и каде што се случи инцидентот. Главниот инженер, раководителот на градежништвото и административниот раководител беа уапсени.

Ким Џонг-ун претходно изјави дека инцидентот се случил поради „апсолутна невнимание, неодговорност и непрофесионален емпиризам“. Сè уште не е познато какви казни ги очекуваат уапсените, но се знае дека властите во оваа авторитарна држава честопати ги осудуваат службениците на принудна работа, а понекогаш дури и на смртна казна.

Северна Кореја ретко јавно признава локални несреќи, иако повремено го правела тоа во случаи на неуспешни лансирања на сателити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kривична пријава против градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари – го оштетил буџетот за скоро 4 милиони денари
Следна Статија Бурни реакции по вчерашниот преседан во „Борис Трајковски“: Европската куќа на ракометот падна на колена – Правилата за Македонија не важат, ова е мизерија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Заедничка изјава за состојбата во Иран

Ја почитуваме храброста на иранскиот народ додека се застапуваат за своето достоинство и фундаментално право на мирен протест.

January 11, 2026
СВЕТ

Од 30 септември поскапуваат визите и таксите за влез во САД

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за…

September 9, 2025
СВЕТ

Winapp: Нов командно-линиски алат на Microsoft за програмери

Microsoft претставува иновативна алатка за развој кој ќе го олесни работењето на програмерите

January 24, 2026
СВЕТ

Авионот на Урсула фон дер Лајен остана без навигација во Бугарија

Авионот во кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, леташе за Бугарија вчера попладне остана без ГСП-навигација и…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?