Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицепремиерот Фетаи го напушти Таравари: Гласот што не се продава никогаш не оди преку Ахмети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Вицепремиерот Фетаи го напушти Таравари: Гласот што не се продава никогаш не оди преку Ахмети
ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Фетаи го напушти Таравари: Гласот што не се продава никогаш не оди преку Ахмети

Објавено May 18, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Потпреседателот на владата задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи останува во владеачкото мнозинство. Тој денеска во обраќање до јавноста, вели дека гласот на оние што не се продаваат никогаш не оди преку Али Ахмети и оти нема да дозволат ДУИ толку лесно да се врати.

Во продолжение, обраќањето на Фетаи:

Драги пријатели, симпатизери и вие, непокорливи членови на Алијансата за Албанците. Овие денови примив стотици смс, повици и пораки од вас – од нашата база, од нашето членство и од нашите гласачи. Затоа, денес чувствувам обврска да ви се обратам со оваа порака. Ние не сме само поддржувачи на една партија.

Ние сме чувари на една кауза. На еден идеал што никогаш не бил продаден и никогаш не се има наведнат. Вие, што ја изградивте оваа Алијанса со труд, со посветеност, дури и кога сè беше против нас. Вие, што бевте прогонувани и дискриминирани поради вашите политички убедувања и не се предадовте повеќе од 20 години. Вие, што никогаш не дозволивте Алијансата да стане алатка за лични интереси.
И што го заштитивте патот на Арбр како аманет.

Денес, заедно, се наоѓаме на историска раскрсница. Пред една година, донесовме храбра одлука – да го предводиме долгоочекуваната, но никако задоцнет променa. Денес, речиси една година подоцна, имаме истата храброст. Иста визија. Но денес, не можеме да живееме во минатото.
Мора да ја изградиме иднината – со истрајност, со достоинство. Членството зборува. Гласачите зборуваат. Гласно, јасно, со барање за правда и за чист пат.

И денес ви велам, со целосна увереност: Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Тие мора да се соочат со вистините што ги избегнуваа две децении по ред. Тука не станува збор за поединец. Тука станува збор за нашето заедничко достоинство. Мојот глас е вашиот глас. Гласот на Алијансата што не се предава. Што не се продава. Што не се плаши. А тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети, ниту преку некој што не им го посакува доброто на Албанците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови!
Следна Статија Ферстапен со триумф на Имола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче победи на изборите за претседател на СДСМ, партијата бираше меѓу Венко и неважечко ливче

Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Партијата денеска спроведе директни внатрепартиски избори, на…

April 6, 2025
ПОЛИТИКА

Фрчкоски смета дека СДСМ е мета на пропаганда од медиуми, а дека Жан Митрев бил „искористен“

Јон Фрчкоски, член на ИК на СДСМ денеска обвини дека медиуми, по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ шират пропаганда за неговата партија.…

January 20, 2026
ПОЛИТИКА

Почна дваесетдневната изборна кампања пред гласањето на 19 октомври

Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Го слушнавме Филипче ја повикува Белата палата, ама не го слушнавме да се огради од своите и криминалите на СДС

Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во…

January 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?