Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата донесе итни мерки: Да не се работи на отворено од 11 до 17, флексибилно работно време, климатизирани простории и јавен превоз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата донесе итни мерки: Да не се работи на отворено од 11 до 17, флексибилно работно време, климатизирани простории и јавен превоз
МАКЕДОНИЈА

Владата донесе итни мерки: Да не се работи на отворено од 11 до 17, флексибилно работно време, климатизирани простории и јавен превоз

Објавено June 24, 2025 16:57
Сподели
Сподели

Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025–2030.

Активираме сѐ што е потребно за да го заштитиме населението. Оваа фаза содржи координирани активности на повеќе институции со цел минимизирање на ризиците од високите температури врз здравјето на граѓаните – порачуваат од Владата.

Се задолжуваат сите министерства, државни органи и надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките. Исто така, тие треба веднаш да ги координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти за спроведување на одредбите од фаза 3.

Министерството за здравство, во координација со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), ќе има обврска редовно да ја информира јавноста за состојбата со топлотниот бран.

Јавната комуникација е клучна. Ќе ја засилиме транспарентноста и навременото известување за температурните екстреми – велат од Владата.

Сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции треба веднаш да ги активираат своите интерни протоколи за вонредни состојби.

Во делот на работните услови, Владата препорачува:

– Одложување на работните процеси во периодот од 11:00 до 17:00 часот за работниците кои се изложени на директна сончева топлина;

– Воведување работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е можно;

– Создавање микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C;

– Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години доколку нема услови за прилагодување на работниот простор.

– Наш приоритет се работниците. Никој не смее да биде оставен без соодветна заштита на своето работно место – истакнуваат од Владата.

Во социјалниот сектор, центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст треба да ја зголемат теренската поддршка, особено за осамени, стари и бездомни лица.

Образовните установи, вклучително и детските градинки, ќе мора да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

– Грижата за најмалите е врвен приоритет – секоја активност ќе биде приспособена на новите климатски услови – велат од владиниот кабинет

Градовите ќе имаат обврска да обезбедат климатизиран јавен превоз во текот на целиот ден, а јавните простории и установи мора да овозможат пристап до разладени простории за граѓаните.

Граѓаните ќе имаат пристап до климатизирани простори и превоз – нашата задача е тие да бидат безбедни и информирани – порачуваат од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп до Израел: Не фрлајте бомби, веднаш повлечете ги пилотите
Следна Статија Имале неевидентирана марихуана: Кривична пријава против правно лице и управителот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Првото бебе во 2025 година е машко – се роди минута по полноќ во Скопје!

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. - Се…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки

На крајот на 2023-та беше во скопска полициска станица поради многу пиротехника ставена во гепек, но на крајот на 2024-та…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

За да ги “скријат” парите од матните мазутни зделки за ТЕЦ Неготино, префрлале и ваделе кеш преку фиктивни договори

Капушевски ја добил зделката за мазутот иако се знаело дека фирмата не ги исполнува условите за да увезе за 2…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови

Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови, рече денеска претседателот на Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски.…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?