Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата и Македонски Телеком потпишаа Меморандум за разбирање – до 2028 година Телеком ќе инвестира 40 милиони евра во инфраструктура и дигитална трансформација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата и Македонски Телеком потпишаа Меморандум за разбирање – до 2028 година Телеком ќе инвестира 40 милиони евра во инфраструктура и дигитална трансформација
ЕКОНОМИЈА

Владата и Македонски Телеком потпишаа Меморандум за разбирање – до 2028 година Телеком ќе инвестира 40 милиони евра во инфраструктура и дигитална трансформација

Објавено July 17, 2025 17:07
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и главниот извршен директор на Македонски Телеком Горан Марковиќ денеска потпишаа Меморандум за разбирање којшто предвидува проширување на 5Г мрежата, поврзување на нови 10.000 домаќинства и компании со гигабитни фиксни мрежи, сајбер безбедност и поддршка на дигитални вештини во образованието.

Како што посочи Андоновски, потпишувањето на овој Меморандум за разбирање ќе придонесе кон продлабочување на меѓусебната поддршка и подигнување на соработката на едно повисоко ниво со јасно дефинирани цели и заедничка одговорност. На средбата, исто така, Андоновски нагласи дека било разговарано во врска со плановите за изградба на Дата центар.

– Македонски Телеком, како водечки приватен инвеститор во дигиталната инфраструктура и истовремено компанија со државен капитал, ќе се посвети на инвестиции со кои ќе обезбеди поврзување нови 10.000 домаќинства и компании со гигабитни фиксни мрежи, ќе ја прошири покриеноста со 5Г мрежата, а како што разговаравме во план е и изградба на Дата центар. Ова партнерство не е само инвестиција во инфраструктура и во сервери, туку инвестиција во луѓето. Во рамки на овој Меморандум предвидуваме и активности за дигитална писменост, сајбер безбедност, поддршка на дигитални вештини во образованието и опрема во основните училишта. Од страна на Владата се обврзуваме на создавање на деловно опкружување и правна сигурност, кои поттикнуваат инвестиција, транспарентност и забрзани процедури за изградба на новата генерација дигитална инфраструктура со новите измени на законите за дигитализација, поддршка за изградба на мрежи во рурални средини и стимулирање на јавно-приватни проекти, рече Андоновски.

Вели дека дигиталната трансформација претставува општествена обврска за напредок и развој на државата, бидејќи, како што рече, секоја нова онлајн услуга значи еден шалтер помалку. Визијата, посочува, е дигитализацијата да не ги оддалечува институциите од граѓаните, туку да создаде доверба и предвидливост.

– Дигиталната трансформација за нас не е технолошка агенда со еднострана цел. Таа е општествена обврска за напредок и развој. Секоја нова онлајн услуга значи еден шалтер помалку, еден ден помалку чекање, една можност повеќе за граѓаните да го искористат своето време подобро со семејството, со пријателите или во компаниите. Наша визија е дигитализацијата да не ги оддалечува институциите од граѓаните, напротив, да ги приближува, да создаде доверба, предвидливост и достоинство во секое административно искуство. Со вакви партнерства покажуваме дека Македонија може да гради дигитална иднина што не ги заборава луѓето, рече Андоновски.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Марковиќ, во своето обраќање посочи дека низ годините во државата Телеком има инвестирано 1,15 милијарди евра во инфраструктура и иновативни решенија. Марковиќ нагласи дека до 2028 година, исто така, ќе бидат инвестирани 40 милиони евра во инфраструктура, дигитална трансформација на фирмите и клучните јавни услуги, како и во Центарот за податоци.

– Дојче Телеком е присутен во земјата преку Македонски Телеком 25 години, не само како оператор, туку и како партнер којшто поттикнува напредок. Во текот на годините изградивме најголема 5Г фибероптичка мрежа и инвестиравме 1,15 милијарди евра во инфраструктура и иновативни решенија. Денеска со македонската Влада ја потврдуваме заедничката цел за дигитална трансформација и проспиритет на земјата. Како партнери, подготвени сме да се движиме напред, се согласивме на идни активности и конкуренција. До 2028 година, ќе бидат инвестирани 40 милиони евра во инфраструктура, дигитална трансформација на фирмите и клучните јавни услуги, како и во нашиот Центар за податоци. Преку овие инвестиции, задоволни сме да имаме важна улога во општеството, а соработката со Владата ни овозможува да ги усогласиме нашите иницијативи со државните цели, обезбедувајќи нашиот раст да придонесе кон поширокиот општествен развој, рече Марковиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имало голем интерес, затоа се продолжува огласот за рокот за ангажирање 400 пожарникари
Следна Статија Мицкоски: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото…

July 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји, економијата и инвестициите приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство

Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?