Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата на Гренланд демантира дека поканила американска висока делегација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Владата на Гренланд демантира дека поканила американска висока делегација
СВЕТ

Владата на Гренланд демантира дека поканила американска висока делегација

Објавено March 25, 2025 19:41
Сподели
Сподели

Владата на Гренланд денеска го демантираше американскиот претседател Доналд Трамп дека американска делегација, вклучително и сопругата на потпретседателот Џеј-Ди Венс, Уша, биле поканета да го посети островот.

Владата на автономната данска територија на Фејсбук негираше дека упатила приватна или официјална покана. Во објавата се наведува дека тоа е преодна влада и се чека формирањето на нова, при што ги повика сите земји да го почитуваат тоа.

Трамп вчера изјави дека е упатена покана за посета на Гренланд, но не наведе од кого. Тој посетата ја опиша гест на пријателство.

Претходно, во американското соопштение се наведуваше дека Уша Венс заедно со едно од нејзините три деца, ќе бидат дел од американската делегација, која на Гренланд ќе престојува од четврток до сабота. Во агендата беше наведено дека ќе „посетат историски локалитети“, „ќе дознаат за наследството на Гренланд“ и ќе присуствуваат на националната трка со кучиња на Гренланд.

Премиерот на Гренланд, Муте Б. Егеде претходно ја осуди најавената посета на американска делегација, нарекувајќи ја „многу агресивен потег“.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен изјави дека посетата на американската делегација не е нешто што Гренланд го сака или му треба. Според неа, Данска и Гренланд се под неприфатлив притисок.

Ова е притисок што ќе го издржиме, истакна Фредериксен за Данската јавна телевизија.

Во јануари во посета на Гренланд беше синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Помладиот.

За време на неговиот прв мандат, Трамп размислуваше да го купи најголемиот остров во светот, иако Данска инсистираше на тоа дека Гренланд не е на продажба. Граѓаните на Гренланд, исто така, решително ги отфрлија плановите на Трамп. Откако се врати во Белата куќа, Трамп неколку пати изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
Следна Статија ДЗС: Во 2022 година, речиси секој петти Македонец бил сиромашен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Новиот редослед на dinastijata Мердок: Семејни превирања и стратешки промени

Семејните судири и стратешки промени го редефинираат влијанието во империјата на Мердок

December 25, 2025
СВЕТ

Роберт Кенеди јуниор ќе биде министер за здравство на Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, го избра Роберт Кенеди Јуниор за свој министер за здравство. Роберт Кенеди, внук на убиениот…

November 15, 2024
СВЕТ

Кина отвора истрага против генерал Џанг Ју Сија

Продлабочена истрага против високи воени функционери во Комунистичката партија

January 25, 2026
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди турското летувалиште Аланија

Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Турција, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?