Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата одлучи: Седумдневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на сите угостителски објекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата одлучи: Седумдневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на сите угостителски објекти
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Седумдневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на сите угостителски објекти

Објавено March 16, 2025 17:05
Сподели
Сподели

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани.

Соопштението од владината седница прочитајте го во продолжение:

На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на министерството за огромната несреќа која се случи.

Исто така, на владината седница се донесе одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор), на територијата на Република Македонија и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата.

Влада донесе заклучок за активирање на механизмот за барање на меѓународна помош.

Воедно, Владата ја информира јавноста дека во соработка со Министерството за внатрешни органи и другите институции надлежни за целосно расчистување на случајот се прибираат материјални докази и дека секој еден којшто е инволвиран во овој трагичен настан и свесно придонел за загрозување на човечките животи ќе биде изнесен пред органите на правдата и соодветно ќе одговара.

Никој не е над законот.

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, во овој трагичен настан не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба.

Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените.

Водно, во овие исклучително тешки и тажни моменти за целиот македонски народ, замолуваме да не се политизира случајот, за институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот.

Ниту една информација нема да биде скриена од очите на јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ќе одржи прес-конференција
Следна Статија Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Залудно е да се расправаме за патишта, клучки, даноци, плати и пензии ако имаме сè помалку луѓе

Денес мора да донесеме одлука – да не ја оставиме татковината да згаснува тивко, туку со сите сили да ги…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден вработен во ЗОО Скопје утре ќе се тестира за птичји грип

Еден од четворицата вработени во скопската Зоолошка градина веќе утре ќе биде тестиран за птичји грип бидејќи пред два дена…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ве гледаме! – Герила Акција пред судницата на КПУ Идризово

Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на…

November 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?