Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек
ПОЛИТИКА

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

Објавено September 19, 2025 16:34
Сподели
Сподели

Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги тврдењата на опозицијата „манипулации и политички напади“.

-СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации, се наведува во соопштението од Владата.

Фактите се едноставни и непобитни, велат од Владата и посочуваат дека ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се подобри животната средина.

-Што се однесува до исплатата на учесниците за оваа мерка која е наведена како 6.2 во оперативниот план и е наменета за заштита од пожари, апсолутно нема никаква поврзаност помеѓу распишувањето на локалните избори и исплатата на средствата, од причина што средствата се обезбедени и не станува збор за никакво вонредно плаќање!, посочуваат од Владата.

За лицата кои се вклучени во оваа мерка, од Владата информираат дека беа ангажирани на 08.08.2025 година, документацијата (извештајот за редовност) за исплата од страна на организаторот е веќе во тек и ќе биде испратена до центрите за вработување по што ќе следи и исплатата.

-За разлика од СДС, ние работиме отчетно и транспарентно. Нашата работа продолжува да биде фокусирана на интересот на граѓаните, додека тие се заглавени во манипулации и измислици. Ние сме тука да носиме конкретни решенија, додека опозицијата ќе продолжи да лаже и да се обидува да го наруши јавниот мир со невистинити приказни. Не им дозволуваме да ја кријат вистината, а сите обиди за политички саботажи нема да ја засенат посветеноста на оваа Влада да работи за подобар живот за сите граѓани затоа што факти не се рушат со лага, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Очекувам придвижување во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија
Следна Статија Масовна тепачка пред прилепската болница, 13 лица приведени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Пецаков ќе има историски најголема победа во Охрид, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години имаше опструкции

,Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, против возење без дозвола, а гласаа против „Безбеден град“

Двојните аршини на СДС и Филипче се потврдија, од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без…

February 6, 2026
ПОЛИТИКА

Богдановиќ: Герасимовски ќе изгуби во Центар

Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, вечерва во подкаст посочи дека актуелниот градоначалник на Центар од СДСМ Горан…

July 3, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Бараме итна оставка од министерот Тошковски откако наркодилерот Цуната избега

Опозициската СДСМ обвинува дека во Министерството за внатрешни работи (МВР) на чело со министерот Панче Тошковски се случува тотален распад.…

July 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?