Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ја прекинува постапката за разрешување на државниот јавен обвинител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ја прекинува постапката за разрешување на државниот јавен обвинител
МАКЕДОНИЈА

Владата ја прекинува постапката за разрешување на државниот јавен обвинител

Објавено March 26, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Владата ќе ја прекине и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, односно истото нема да го прати до Собрание, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

Прашана дали Владата ќе испрати допис до Совеотот на ЈО дека се прекинува постапката за разрешување или ќе почека да се произнесе, Митева, рече дека Советот на ЈО ќе постапува согласно роковите.

Она на што се однесуваше дека како Влада ќе ја прекине постапката се однесува на делот што Владата потоа по добиеното мислење треба да го испрати таквото мислење до Собранието. Да појаснам дека Владата и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати до Собрание, а се разбира Советот на ЈО согласно роковите кои што ги има ќе постапува, изјави Митева, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Владата.

Предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата Јавен обвинител на РСМ поднесен од Владата, Советот на ЈО денеска требаше да го разгледа на Седница, но таа беше одложена поради немање на кворум.

Роковите за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски се уште течат и Советот ќе треба да го разгледа предлогот најдоцна следната недела.

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител Коцевски ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.

-Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по настан за отпочнување на градба на парк во населба Радишани.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

Коцевски, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јон Фрчкоски се повлече од партиските функции во СДСМ откако беше објавена слика на која шмрка кокаин
Следна Статија Деаноски: Првпат без работниците е донесена одлука за минималната плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за дојавите за бомби во училиштата: Хибридни напади, директорите и полицијата ќе добијат протокол

По денешните дојави за бомби во повеќе училишта ширум Македонија, премиерот Христијан Мицкоски бил во постојан контакт со министерот за…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерката Весна Јаневска во Кочани спасила професор кој колабирал – му го извлекла јазикот да не се задуши

Проф. д-р Весна Јаневска, актуелната Министерка за образование доцна синоќа беше во посета на Кочани. Во едно од училиштата одржа…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали СДСМ со Груби стравува за Заев, Спасовски, Филипче…?

Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби.Институциите си ја завршија работата и го…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите

Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигураат квалитетната и навремена реализација на…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?