Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“

Објавено March 14, 2025 13:57
Сподели
Сподели

Координативно тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за разговори на Министерството за одбрана со италијанската компанија „Леонардо“. Договорот за набавка на хеликоптери не се раскинува, туку ќе се репреговара. Нема потреба од адвокатска куќа, сите дилеми при имплементација на договорот може да се надминат, вели поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска.

Владата подготвува терен за репреговарање на договорот тежок речиси 250 милиони евра за набавка на осум хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо хеликоптерс“, склучен во време на претходната влада со потпис на ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Ваквиот потег е најавен уште на владината седница на 6-ти март, која ја водеше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски, кој воедно е и претседател на Координативното тело за арбитражни постапки.

„Се задолжува претседавачот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки произлезени од меѓународните договори, во рок од три дена, да испрати барање за прибирање на понуди за избор на правна куќа за обезбедување на правни услуги од областа на меѓународното арбитражно и швајцарското право согласно утврден опфат на работа, до следните меѓународни адвокатски куќи: Three Crowns LLP, Herbert Smith Freehils LLP, Debevoise & Plimpton LLP. Freshfields LLP, Clifford Chance LLP, Latham & Watkins LLP“, пишува во записникот од владината седница.

Компаниите требало да ги достават понудите до 10 март.

Денеска, на 14 март, ова Координативно тело треба да ја избере најдобрата која во иднина ќе треба да даде правно експертско мислење за договорот склучен меѓу Министерството за одбрана и италијанскиот „Леонардо хеликоптерс“.

Вицепремиерот и воедно претседавач со ова тело, Александар Николовски, во разговор за РСЕ вели дека Координативното тело по задолжение од Владата досега одржало два состанока, започнувајќи ја постапката за избор на швајцарска адвокатска куќа. Потенцира дека ова не значи раскинување на договорот и негова арбитражна постапка, туку превенција за да не дојде до таков епилог.

„Арбитражното тело има право да ангажира куќи во оваа фаза за консултации. Наша цел е и да не стигнеме до арбитражи, Ние сега одбираме адвокатска куќа со познавање на швајцарско право, бидејќи договорот е склучен според швајцарско право, која би можела да го советува Министерството за одбрана во однос на договорот со „Леонардо хеликоптерс“. Сега е фазата на консултации, бидејќи има различни толкувања во однос на договорот. Значи целта не е тој да се раскине“, изјави Николовски за РСЕ.

Покрај информацијата која Владата ја сподели со јавноста за работата и иницијативата на Координативното тело, за ова прашање дополнително е одржана и затворена седница.

Според извори на РСЕ, Министерството за одбрана имало големи забелешки за договорот со „Леонардо хеликоптерс“ и го застапува ставот дека тој е асиметричен, односно дека е многу повеќе во полза на италијанската компанија, отколку на државата.

Целиот текст на Радио Слободна Европа

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“
Следна Статија Цената на златото надмина 3.000 долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на Владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко

Денеска во владата се одржа седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Во прилог интегрален…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавени скандалозни снимки за Фатмир Дехари: Морале да му седнуваат во скут и да го бакнуваат, Ангелова: Ова е срам и навреда за сите жени

- Во медиумите излегоа аудио снимки од кои се слуша како Фатмир Дехари наместо да биде градоначалник и да ја…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ „Една година Влада“ истакна дека со договорот за стратешко партнерство со…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од понеделник се очекуваат нови снежни врнежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а преодно стабилизирање ќе има утре и потоа преку ноќта,…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?