Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“

Објавено March 14, 2025 13:57
Сподели
Сподели

Координативно тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за разговори на Министерството за одбрана со италијанската компанија „Леонардо“. Договорот за набавка на хеликоптери не се раскинува, туку ќе се репреговара. Нема потреба од адвокатска куќа, сите дилеми при имплементација на договорот може да се надминат, вели поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска.

Владата подготвува терен за репреговарање на договорот тежок речиси 250 милиони евра за набавка на осум хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо хеликоптерс“, склучен во време на претходната влада со потпис на ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Ваквиот потег е најавен уште на владината седница на 6-ти март, која ја водеше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски, кој воедно е и претседател на Координативното тело за арбитражни постапки.

„Се задолжува претседавачот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки произлезени од меѓународните договори, во рок од три дена, да испрати барање за прибирање на понуди за избор на правна куќа за обезбедување на правни услуги од областа на меѓународното арбитражно и швајцарското право согласно утврден опфат на работа, до следните меѓународни адвокатски куќи: Three Crowns LLP, Herbert Smith Freehils LLP, Debevoise & Plimpton LLP. Freshfields LLP, Clifford Chance LLP, Latham & Watkins LLP“, пишува во записникот од владината седница.

Компаниите требало да ги достават понудите до 10 март.

Денеска, на 14 март, ова Координативно тело треба да ја избере најдобрата која во иднина ќе треба да даде правно експертско мислење за договорот склучен меѓу Министерството за одбрана и италијанскиот „Леонардо хеликоптерс“.

Вицепремиерот и воедно претседавач со ова тело, Александар Николовски, во разговор за РСЕ вели дека Координативното тело по задолжение од Владата досега одржало два состанока, започнувајќи ја постапката за избор на швајцарска адвокатска куќа. Потенцира дека ова не значи раскинување на договорот и негова арбитражна постапка, туку превенција за да не дојде до таков епилог.

„Арбитражното тело има право да ангажира куќи во оваа фаза за консултации. Наша цел е и да не стигнеме до арбитражи, Ние сега одбираме адвокатска куќа со познавање на швајцарско право, бидејќи договорот е склучен според швајцарско право, која би можела да го советува Министерството за одбрана во однос на договорот со „Леонардо хеликоптерс“. Сега е фазата на консултации, бидејќи има различни толкувања во однос на договорот. Значи целта не е тој да се раскине“, изјави Николовски за РСЕ.

Покрај информацијата која Владата ја сподели со јавноста за работата и иницијативата на Координативното тело, за ова прашање дополнително е одржана и затворена седница.

Според извори на РСЕ, Министерството за одбрана имало големи забелешки за договорот со „Леонардо хеликоптерс“ и го застапува ставот дека тој е асиметричен, односно дека е многу повеќе во полза на италијанската компанија, отколку на државата.

Целиот текст на Радио Слободна Европа

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“
Следна Статија Цената на златото надмина 3.000 долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Невреме со пороен дожд и грмежи, граѓаните да бидат внимателни

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм поради најавени нестабилни временски услови што ќе ја зафатат земјата во текот…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

И Митева портпарол на Влада, а Стоилковски Советник за комуникации

Денеска се одржа 25тата владина седница на која се избраа портпароли на Владата на Република Северна Македонија. За портпарол на…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поројните дождови предизвикаа проблеми: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола

Голем одрон на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ го прекина, а потоа го отежна сообраќајот, додека…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар

Во текот на вчерашниот ден, по барање на Градоначалникот Горан Герасимовски се одржа итен состанок на Штабот за заштита и…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?