Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители

Објавено February 3, 2026 16:51
Сподели
Сподели

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и во согласност со законските одредби ќе ги достави до Советот на јавните обвинители, информира денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.

Одговарајќи на новинарско прашање, Митева појасни дека Собранието ја информирало Владата за завршување на огласот за Јавен обвинител.

Собранието ја информира Владата за завршуавње на огласот за јавен обвинител. Ги достави петте кандидати, добро познати на јавноста. Владата донесе заклучок во согласност со законските одредби што ѝ стојат на располагање да ги достави до Советот на јавните обвинители, кој има рок од 15 дена да ѝ одговори на Владата, односно да испрати мислење – рече Митева.

Според неа, по завршувањето на сите формално правни состојби, следните денови ќе биде доставена до Советот за јавните обвинители.

Од собраниската прес-служба не ги откриваа имињата на кандидатите, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

На местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, дојде обвинителката Тополова-Исајловска како в.д. државен јавен обвинител, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за Јавното обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Владата. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камбовски: Судскиот совет разгледува предмети во кои постапувал судијата Ристов
Следна Статија Филков најави целосно ресетирање на судството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на…

November 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски за изборот на кандидатите за градоначалници: Секој ќе мора максимално да се потруди за ветеното да се исполни

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска при посетата на општина Зрновци како одговор на новинарско прашање изјави дека има…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба,…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени

Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?