Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ќе зема заем од ЕБРД за обнова на возниот парк во железницата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата ќе зема заем од ЕБРД за обнова на возниот парк во железницата
ЕКОНОМИЈА

Владата ќе зема заем од ЕБРД за обнова на возниот парк во железницата

Објавено December 30, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на возен парк за потребите на ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

Најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, а ќе присуствуваат и претставници на ЕБРД, на Министерството за транспорт и на раководството на ЖРСМ Транспорт.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Ниолоски минатата недела информираше дека обезбедени се 21 милион евра од ЕБРД со кои ќе бидат набавени најмалку пет нови електрични локомотиви, со цел модернизирање на Македонски Железници и опслужување на карго превозот.

– Знаете дека минатата година кога беше формирана оваа Влада, имавме за жал нула активни локомотиви, а сега имаме 11, од кои што 4 се понови, а 7 постари. Со 9 локомотиви кои би биле електрични, ќе можеме целокупниот карго превоз да го опслужиме, се надевам веќе од 2028 година, затоа што рок на испорака на овие локомотиви е 2 години. Од она што го имаме како најава од ЕБОР повкот ќе биде објавен во март следната година, рече Николоски на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Воз се исклучи од шините во јужно Мексико, со 13 загинати и повредени десетици
Следна Статија Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со Доналд Трамп додека разликите околу Газа се зголемуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Батериите стануваат стандард – складирањето струја е законска обврска

Новите производители на струја од обновливи извори на енергија ќе имаат обврска за складирање струја, а иста таква обврска има…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Работиме да ја нормализираме цената на комерцијални станови на пазарот

Со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, започнуваме со намерата да ги…

February 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици

Ако прекинеме со непродуктивните трошења, ако Владата се определи да им помогне на локалните самоуправи, да им даде евтини кредити…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Фантом фирми црпеле од буџетот, на тоа се става крај, за прв пат во октомври имаме суфицит во буџетот, притоа зголемени плати и пензии

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во Отвореното студио на тема Буџет 2025 на МТВ…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?