Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“

Објавено September 17, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Владата ќе одвои 700.000 евра за реконструкција на кумановска „Соколана“, информираше денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, министри, пратеници го посети најстариот спортски комплекс во градот. Објектот ќе го задржи автентичниот изглед.

– Сакам да изразам задоволство што сум еве денеска заедно со градоначалникот овде во Куманово, да честитам за сето она коешто го прави изминатиов период, но исто така заеднички да сработиме уште повеќе во периодот којшто следи. Еден од тие објекти е и овој за којшто веќе градоначалникот зборуваше, изјави Мицкоски.

Тој се заблагодари на Советот, администрацијата за успешната работа и кажа дека е убеден во идна успешна соработка.

– За неговата работа како градоначалник можев да се уверам и од оние сведочења коишто ги пренесоа сопствениците или стопанствениците коишто претходно ги посетивме во двата стопански објекта, коишто претходеа на посетата на овој објект таканаречен „Соколана“, изјави Мицкоски.

Премиерот се надева дека како Влада и Општина ќе направат успешни проекти за Куманово, укажувајќи на поддршката што ја имаат од пратениците кои доаѓаат од градот.

– И јас навистина можам да кажам дека таквата борба инспирира, ние како Влада ќе направиме сè што е во наша моќ да ги поддржиме овие иницијативи за да можат кумановци да добијат што е можно повеќе проекти, проекти коишто ќе значат подобар живот и поквалитетен живот овде во Куманово. Така што еве градоначалникот конкретно за овој објект објасни, околу 700 илјади евра ќе чини реконструкцијата на објектот и враќање во првобитната положба. Проектот е изработен, останува уште ние како Влада да ги обезбедиме средствата, во што сум сигурен, средствата ќе бидат обезбедени и ќе почне реконструкцијата на овој објект, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања кога би се очекувало да бидат префрлени средствата, претседателот на Владата, кажа дека може да се очекуваат по распределбата во декември, годинава.

– Гледавме сега, која институција би била одговорна. Тоа би било Министерството за спорт, бидејќи сега сме во процес на избори и имаме законски ограничувања, ова би било одредена вонредна процедура, не е содржана во претходниот пан на Министерството, но веднаш по завршување на локалните избори, тоа би било некаде втора половина на ноември. Со прераспределбата којашто ќе следи во декември, средствата ќе бидат распределени, изјави Мицкоски.

Градоначалникот Димитриевски се заблагодари на интересот на премиерот и министрите за посетат на Куманово и не само на Соколана, туку и на два стопански субјекти од кои едниот-германскиот „Лидл“ во зоната Речица и вториот приватната лабораторија во градот „БДА“ и на значајниот објект за кумановци – Соколана.

– Значајно за сите кумановчани, Соколана да го видиме комплексот до каде напредуваат градежните работи и воедно да искористам оваа прилика како градоначалник да побарам помош од Владата во делот на финансирање и завршување на овој проект којшто општината досега не само во овој, дополнително и во самиот спортски комплекс и реконструираниот парк има вложено некаде половина милион евра. Побаравме и наидовме на разбирање од Владата да се обезбедат 700.000 евра за завршување и повторно ставање во функција бидејќи тоа е нашата кумановска гордост, рече Димитриевски.

Градоначалникот најави дека ќе се задржи автентичниот изглед, во соработка со конзерваторскиот центар. Димитриевски се заблагодари на кумановци кои оставиле белег во Соколана и денеска имаа средба со премиерот, како и на кумановецот Марјан Стошевски, кој е еден од иницијаторите за книгата „Соколана“.

– Денеска во ваква фаза да бидеме, една политичка гарнитура којашто не само ќе говори во континуитет како претходните за Соколана и нејзината реконструкција и реставрација, туку и на дело да го видиме дека овој објект веќе се работи. Јас верувам веќе до крајот на следната година ќе биде во целост завршен и ќе го добие повторно својот сјај, рече Димитриевски.

Одговарајќи на новинарски прашања, кумановскиот градоначалник објасни дека локалната власт го добила на владение во 2022 година, а претходно со „Соколана“ стопанисуваат приватни субјекти.

– Беше загрозен, бидејќи статиката беше комплетно нарушена, постоеше можност целосно да се сруши. Почнавме скромно со буџетски средства од 2023 и 2024. Во самиот објект, општината вложуваше неполни 300 илјади евра. Најбитно е решена статиката, кровниот покривач, е комплетно сочуван, онаа што е идентично значи ќе биде сочувано, а онаа што не е сочувано ќе се обидеме во соработка со конзерваторскиот центар тоа го доработиме согласно старите документации коишто ги имаме за овој објект, а ги имаме во изобилство, рече Димитриевски.

Тој се надева дека објектот целосно ќе е идентичен како што бил во минатото, а изработен со поквалитетни материјали.

Спортскиот објект датира од доцните 20-ти години на минатиот век и период на Кралство Југославија, со зачетоците на соколското движење, не само на просторите на Куманово, туку и на тогашна Европа. На ова место се играле најдобрите кошаркарски турнири во поранешна Југославија, а тренирале и врвни гимнастичари. Соколана има непроценливо значење за кумановци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ почна со орална вакцинација на лисиците против беснило, внимателно движете се во природа
Следна Статија Доларот падна на најниско ниво од почетокот на јули

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дојран ќе добие Музеј на вода, се реконструира праисториска наколна населба во езерото

Во Дојран идната година се очекува да почне изградба на Музеј на вода, најави вчера министерот за култура и туризам…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојанов кој има забрана за влез во Македонија повторно најавува чествување на Мара Бунева во Скопје

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот…

October 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

На Богородица ќе се отворат две дополнителни ленти за излез од Македонија

Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица и уште една за влез на товарен сообраќај,…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?